Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter

.Тel домен, како да се регистрира и начини на негова употреба

07 November, 2011 | Објавено во: Домени | Comments Off 

Во овој текст ќе го објасниме концептот на употреба на .tel интернет доменот. Tel доменот е доста актуелен во светот и се употребува во модерните бизнис кругови, а и надвор од нив. Главен фокус на употреба е за: колектирање, упдејтирање и приказ на вашите контакт информации, веб линкови(web links), линкови на социјални мрежи(Facebook, Twitter, Linkedin итн.), пребарувачки зборови(keywords) дирекно на интернет, со цел за брзо, едноставно и пристапно прикажување на вашите информации од страна на кој било уред, од PC компјутер до мобилен телефон, таблет и слично.Со регистрирање на .tel домен вие добивате интернет адреса која вие ќе си ја одредите сами со наставка .tel: пр. vaseime.tel или prekar.tel и сл. Тоа ќе им овозможи на бизнисмените и индивидуалците да им обезбедат единствено место на видување на контактите од страна на нивните партнери и пријатели и најсвежи контакт информации во секое време.

Предноста на ваков начин на колекција на контакт информации е битен во однос на тоа што иако вашиот телефон, емаил или адреса може да биде смената, .tel доменот останува ист и вие секогаш може да ги упдејтирате и прилагодите најновите информации според мометалната ситуација. Вие исто така може да одлучите што да се прикажува од вашите информации и што да поделите со вашите контакти преку овој домен. Со .tel доменот постои исто така можност да се мапира локацијата каде се наоѓате доколку сакате да го сторите тоа. За разлика од телефонски именик или бизнис картичка, информациите на .tel доменот може да се упдејтираат за минутка.

Други комерцијални употреби на .tel доменот би биле регистрација на најразлични имиња кои завршуваат на .tel наставката со цел да помогнат при пребарување на истите преку пребарувачите, а со тоа воедно и да го прикажат тоа име што погоре во листата на самите пребарувања (дел од SEO техниките). Пример: домени како ho.tel, mo.tel, si.tel, in.tel, hos.tel, alca.tel и слични, ќе бидат прикажани на пребарувачите меѓу првите пребарувања. За ова оставам на вашата имагинација и претпиемачки дух.

Во прилог ви презентирам едно рекламно видео кое ќе ви претстави вистинска слика за употреба на .tel доменот:

Како да регистрирам .tel домен? Регистрација на .tel доменот може да направите на http://ukion.com/domains.

Tags | , , , , ,

Сподели го постот на:
| |