Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter


UKION – единствена компанија од Македонија на EuVF venture форумот во Истанбул

30 October, 2012 | Објавено во: Новости | Comments Off 

УКИОН со својот проект – UKIONSHOPS – web shops on a cloud – беше единствената македонска компанија избрана за презентација на EUREKA venture форумот во Истанбул, во конуренција од околу 40 компании од цела Европа.

ЕУРЕКА Форумот се одржа во Истанбул на 19 октомври 2012 година и истиот има активна улога во европската иновациона сцена поттикнувајќи го start-up-от, развојот на технологијата и растот на претприемништвото преку контакт со инвеститори и експерти од најразлични области.

Листа на компании кои беа избрани да презентираат на овој евент.

Сподели го постот на:
| |

UKION SHOPS on a cloud: Збогум трошоци, добредојдовте ПРИХОДИ!

11 May, 2012 | Објавено во: Интернет продавници, Промоции | Comments Off 

UKION SHOPS е иновативна, моќна, едноставна за користење и економски достапна “cloud” платформа за интернет продавници (екомерц, web shop) за продажба на производи и услуги преку интернет. Мисијата на UKION SHOPS е да понуди што е можно поедноставна, ефтина  и практична интернет продавница за секоја фирма. UKION SHOPS е флексибилна и лесно надградлива платформа со понуда на голем сет од функционалности и дизајни што овозможува секоја компанија дури и од поголем обeм со леснотија да активира и управува со своја интернет продавница – “клуч на рака”.

Што добивате со UKION SHOPS:
1.    Сопствена интернет продавница
2.    Интегрирано плаќање со кредитни картички поврзано со ваша сметка во банка.
3.    Голем избор на професионални дизајни кои одговараат на вашите желби и вашата фирма.
4.    Продукт каталог
5.    Можност за повеќејазичност
6.    Можност за избор на валута од страна на посетителите
7.    Безбедно(SSL) плаќање преку интернет за вашите клиенти и посетители.
8.    Бизнис класа – стабилен и сигурен хостинг и бекап за вашата продавница.
9.    SEO оптимизација и аналитики
10.    Мноштво други функциналности.

Без разлика дали сте почетник или искусен интернет продавач, UKION SHOPS е платформа која ќе ви помогне да успеете.

Проверете ја нашата демонстрација која ќе ве воведе во можностите на пријателскиот и едноставен интерфејс и функционално богата екомерц платформа.

Потоа нарачајте веднаш и зголемете ја неколкукратно вашата продажба и вашите приходи!

Сподели го постот на:
| |