Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter


10 причини за отворање на интернет продавница

16 April, 2013 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 

Почитувани читатели, претприемачи и сопственици на фирми, во следните неколку редови, накратко колку што ми дозволува просторот ќе се обидам да ви појаснам зошто ви е потребна интернет продавница и кои се бенефициите од поседување на истата.

1. Ниски Трошоци и висок поврат на вложените средства. Интернет продавниците во споредба со физичките продавници се далеку поисплатливо решение за трговија. Трошоците за креирање и одржување на истите се само незначителна фракција од трошоците за физичка продавница. Со интернет продавницата заштедувате значајни средства кои можете да ги искористите за унапредување на продажбата или експанзија на вашиот бизнис. И истите сега ви се подостапни од било кога со UKION интернет продавниците со месечна претплата од веќе 1240 денари.

2. Зголемена продажба и конкурентност преку пониски – дампинг цени. Со интернет продавницата како што напоменав, ги избегнувате сите трошоци на физичката продавница. Отворањето на физичка продавница бара поголем обем на инвестиција. Со е-продавницата, покрај тоа што ќе извршите истражување на пазарот пред инвестирањето, со многу пониски трошоци ќе започнете да ги остварувате планираните цели и ќе креирате простор за подоцнежно отворање на физичка продавница доколку има потреба за тоа. Помалите трошоци резултираат со помали продажни цени на производите. А тоа пак доведува до зголемена конкурентност и зголемување на продажбата. Погледнете го примерот на Avon, Oriflame и сл. – Со години делуваат глобално преку трговски патници и каталошка продажба и сега на големо ги исцрпуваат сите бенефиции на интернет продажбата без притоа да поседуваат физички продавници насекаде низ светот (со одредени исклучоци).

3. Зголемување на вашиот пазарен потенцијал. За ова може да послужи претходниот пример со Avon и Oriflame – Веќе имате компанија и делувате/продавате или нудите услуги на одредено подрачје. Притоа со физичката продавница сте лимитирани на одредено пазарно подрачје, регион, град или населба. Како најлесно и со најмали трошоци да го зголемите опсегот на вашето пазарно делување? Едноставно, со интернет продавница. Веќе преку ноќ ќе го опслужувате целокупниот домашен, регионален па и глобален пазар. Значи за исти трошоци добивате огромна можност за поврат на инвестицијата бидејќи вашиот потенцијален пазар или ново креираниот мега-пазар е неколкукратно поголем.

4. Работно време 24/7. Интернет продавницата е секогаш отворена, 24 часа на ден, секој ден во годината. И за празник и за делник. Бидејќи модерниот начин на живот наметнува се помалку слободно време за слободни активности и шопинг, вашиот бизнис ќе има огромна придобивка од континуираното работно време. Добивате потенцијални купувачи кои немаат или не сакаат да трошат време за шопинг или поради тоа што имаат ограничено слободно време ќе ги прегледуваат или нарачаат вашите производи и услуги додека се на работа, во движење преку нивните мобилни уреди (таблет, мобилни телефони, лаптопи), од кафуле, од конкурентска продавница, во вечерните часови, за викенди и сл.

5. Атрактивна презентација на производи и услуги – Атрактивната презентација на производите и услугите има огромно влијание врз нивната продажба. Доколку сте голема компанија која може стилистички да го уредува физичкиот продажен простор на пример како Zara, Bershka, McDonalds и слични, нема да имате никаков проблем во презентација на вашите производи/услуги. Но најчесто малите и средните претпријатија имаат потешкотии во изнаоѓање на средства и креирање на моќна презентација со која ќе ја зголемат продажбата и ќе го изградат нивниот бренд. Интернет продавницата ви нуди неограничена можност за атрактивната визуелна презентација на производите преку слика (сликата вреди 1000 зборови) и дизајн со што се овозможува неколкукратно зголемување на обемот на продажба. Замислете само неодоливи слики на храна, пијалоци, торти, колачи, (во стилот што го користи McDonalds) играчки, компјутери, накит, козметика, облека.. Кој не би посакал да има таков производ?

6. Интернет Поттикната продажба. Според одредени статистики, продажбата поттикната преку интернет продавницата (web influenced) – за купување во физичката продавница се движи во просек до 42% со тенденција за пораст до 53% до 2014 год. Тоа значи компаниите што поседуваат интернет продавница забележале зголемување на продажбата во физичката продавница за 42% во однос на оние што воопшто не поседувале интернет продавница. Ова е сериозна причина да размислите што губите доколку не поседувате е-продавница.

7. Можност за зголемување на продажбата преку сугестивни производи и подароци. Интернет продавницата ви овозможува и дополнителна продажба преку понуда на сугестивни производи. Доколку имате интернет искуство сигурно сте налетале на слоганот купувачите ги купуваат и следните производи – На пример купувате мобилен телефон а сугестивни производи ќе ви бидат разни додатоци како футроли, торбички, мемориски картички, полначи за во автомобил..

8. Можност за продажба преку социјални мрежи и следење на навиките и желбите на потрошувачите. Интернет продавницата ви овозможува промоција на вашите производи преку социјалните мрежи како facebook, twitter и слични и тоа потполно бесплатно. УКИОН продавниците освен бесплатна промоција и споделување ви овозможуваат како дополнителна опција дури да продавате директно на Facebook. Социјалните мрежи се одлична можност за промоција на вашиот бизнис и вашите производи/услуги и зголемување на интересот за истите преку препораки, пофалби, like-ови, коментари, споделување на линкови и слики. Е-продавниците во комбинација со социјалните мрежи ви овозможуваат и следење на навиките и желбите на потрошувачите со тоа и поголема можност за таргетирана продажба на вашите производи.

9. Можност за дополнителна бесплатна промоција и продажба преку пребарувачи како google, bing, yahoo и слични. Огромен е бројот на потенцијални клиенти што случајно ќе “влетаат” во вашата продавница само преку пребарување на google. Пример, потенцијалниот клиент бара некој производ и во резултатите може да се појави линк до соодветен производ од вашата продавница. Па некогаш дури и да се нема намера да се нарача или купи, неодоливата визуелна презентација ќе го наведе потенцијалниот клиент во спротивното.

10. Одржување на вашата конкурентност – за на крај еден интересен статистички податок: 87% од купувачите во физичките продавници, трговски центри или супермаркети во Европа и САД ги споредуваат цените на производите што сакаат да ги купат преку интернет и истите доколку се поевтини ги нарачуваат од соодветната интернет продавница. Затоа не пропуштајте да продадете повеќе со инвестиција која неколкукратно ќе ви се исплати во иднина.

Распространетоста на интернетот, мобилната телефонија, постојаната потреба и желба за информации и динамичкиот животот наметнуваат нови трендови и во деловното работење. Трендовите носат задолжителни промени во тековните бизниси и постојана потреба од флексибилност и стратегиско прилагодување, во спротивно на долг рок се соочувате со пропаѓање и ликвидација на вашиот бизнис.

Повелете видете ја понудата на UKION.MK за отворање на интернет продавница по принципот “клуч на рака” и започнете со продажба ВЕДНАШ.

Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка IN Store бр.6. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.

Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст  (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.

Сподели го постот на:
| |