Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter


УКИОН донира систем за донации за НВО Борка

14 October, 2014 | Објавено во: Новости | Comments Off 

УКИОН како општествено одговорна фирма, а по повод светскиот месец за борба против ракот на дојка и VII национална конференција за рак на дојка во Македонија, во соработка со УНИбанка, го креира и донира за Борка, системот за онлине донации со кредитни и дебитни картички, прв од ваков тип во Република Македонија.

Со оваа донација, УКИОН се приклучува во заедничката борба против ракот и се надеваме во голема мера ќе придонесеме во остварувањето на целите на Борка и нејзината истрајност и посветеност во зголемување на општествена свест за оваа болест, превенција и помош на заболените од рак во Република Македонија.

Системот за донации е достапен на адресата donacii.borka.org.mk

1. На насловната страна, ќе можете да изберете јазик и валута во која сакате да донирате.

2. Со кликање на насловниот банер се пренасочува на страната за донација, каде се избира износот за донација. Покрај тоа ќе можете да ја споделите страната и линкот за донации со вашите пријатели од социјалните мрежи и со тоа да ја зголемите можноста за донирање.

3. Потоа со притискање на плаќање – горе десно, чекорите ќе ве водат до комплетно исполнување на трансакцијата. По комплетирањето на донацијата ќе добиете известување на вашиот емаил дека донацијата била успешна.

Ве повикуваме сите вас, физички и правни лица, да дадете скромен придонес во борбата против ракот на дојка и да донирате на страната donacii.borka.org.mk и истата да ја споделите на facebook и останатите социјалните мрежи.

Ви благодараме,
Тимот на УКИОН

Сподели го постот на:
| |