Login  |  Следи не на:   RSS feed Facebook Twitter


6 грешки кои треба да ги избегнете како онлине трговец

16 May, 2013 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 


Голем број бизниси пронаоѓаат финансиска слобода и независност со креирањето на интернет продавница. Во голем број случаи интернет продавницата е проширување на започнатиот бизнис или физичката продавница. Други ја гледаат можноста за започнување на бизнис со мали вложувања и се одлучуваат токму тоа да го реализираат со интернет продавница. Но веќе сте ја активирале онлине продажбата и не забележувате значително зголемување на приходите. Првата повратна врска (fеedback) ви покажува дека интернет продавницата сама по себе не може да ја зголеми продажбата, вие мора да се ангажирате исто толку во нејзината работа и промоција колку што се ангажирате за вашиот тековен бизнис. Интернет продавницата не е хоби. Не е средство за слободно време. Не е средство за зголемување на бизнис статусот. Доколку ја водите интернет продавницата на начин како што го водите вашиот бизнис, нема причина за неуспех. Многу луѓе не успеваат во онлине продажбата бидејќи по креирањето на интернет продавницата комплетно ги запоставуваат основните бизнис постулати.

Со оваа статија би сакал да ви помогнам како да ги избегните најчестите грешки и нереални очекувања што ќе ги имате како нов или иден сопственик на интернет продавница.

1. Извршете промоција на вашата нова интернет продавница. Било да се работи за нов бизнис или продолжување на тековниот, интернет продавницата треба да се промовира а со тоа да ги запознаете вашите нови и постојни потрошувачи за нејзиното постоење. Знаеме дека промоцијата и маркетирањето може значајно да влијаат на вашиот буџет, но затоа пак на располагање ви е социјалната промоција на facebook или twitter, youtube и сл. која е сосема бесплатна. Потребно ви е само малку време, некоја интригантна маркетинг порака или видео и започнете со промоцијата. Дококу вашиот буџет дозволува повеќе, искористете ги и печатените и интернет медиумите за соодветна реклама и запознавање на потрошувачите. Целите на промоцијата во овај случај се пошироки и покрај за запознавање на клиентите, промоцијата треба да креира доверба и навика за идната онлине трговија. За ова прочитате повеќе во некоја од наредните статии.

2. Немате цели и маркетинг стратегија за нивно остварување – Ефикасниот маркетинг не се постигнува случајно. За тоа е потребно поставување на цели и план за нивно остварување и внимателна анализа и следење на работењето. Иницијалната промоција на продавницата треба да продолжи со соодветен маркетинг. Доколку имате физичка продавница – испечатете рекламен материјал (флаери, брошури, рекламни кеси) кој ќе го споделувате со сите ваши купувачи при посета на физичката продавница. Покрај тоа (или доколку поседувате само онлине продавница), може да ги искористите социјалните мрежи (во голем дел бесплатно) со споделување на производите на ваша twitter, facebook страна или споделување на производите до пријателите, кликни like и доби купон за попуст, да креирате наградна игра на социјалните мрежи и сл., да користите платен интернет или печатен маркетинг или да примените друг начин на промовирање на продавницата – на пример да доделувате купони за попуст , 5% (или повеќе-помалку) попуст за секоја прва нарачка преку интернет продавницата, сезонска акција на одредени производи преку интернет продавницата, изненадување за секоја нарачка, купи до 1000 ден. за бесплатна испорака…) За секоја стратегија е потребно време за нејзино остварување и доколку истата не е ефикасна потребно е реформулирање или поставување на нова. Многу е мал бројот на сопственици на мали бизниси кои ги споредуваат резултатите остварени преку интернет продавницата. Самата продавница води определена статистика, вие треба само да ги следите информациите за да сте флексибилни и да примените вистинската стратегија во вистинско време.

3. Посветете значајно внимание во онлине релацијата со потенцијалните купувачи. Бидејќи продавате преку интернет очекувајте прашањата за производите и услугите сега да пристигнуваат и преку интернет. Не ретко се случува купувачите со недели да чекаат одговор на некое прашање за производ поставено преку интернет. Тоа е загуба на потенцијален клиент или продажба. Можеби комуникацијата е електронска но сепак од другата страна стои реален човек на кого треба да му се посвети исто толку внимание како на секој клиент за да може да ја реализирате продажбата. Најдобро е да одвојувате по малку време секој ден отколку да одвоите еден ден во неделата за онлине конверзација со вашите клиенти. Запомнете, започнувањето на интернет бизнис не е начин за брза заработка, и не треба да се гледа на тој начин. Затоа е потребна ефикасна организација на вашето време за да можете да посветите доволно внимание и во секојдневната интеракција со вашите онлине клиенти.

4. Поставување на премногу ниски цени на производите. Интернет продавницата ви овозможува зголемена конкуренција со можност за поставување пониски цени поради пониските трошоци за одржување на продавницата. Но поставување на премногу ниски цени е лош бизнис модел затоа што во исто време не значи и зголемување на продажбата. Имајте во предвид дека конкуренцијата може во секое време да постави пониски цени од вашите а сепак да остварува поголем профит, со што вашиот модел нема да успее. Добар модел за зголемување на продажбата е зголемување на дополнителната вредност на производите. Додадете повеќе внимание и љубезност на купувачите, бесплатна испорака при продажба, додадете поклон на постоечкиот производ, батерии за купената играчка и сл (за ова читајте повеќе во наредната статија). Со прениски цени ќе имате контраефект.

5. Потполни и редовно ажурирани информациите за производите. За ефикасна продажба потребни се детални информации за производите и нивната залиха. Бидејќи производите се прегледуваат на интернет, најчесто целокупната информација и визуелната презентација овозможува остварување на продажба. Дури и да не се нарача онлине, преку визуелната презентација купувачот може да се поттикне да ја посети физичката продавница. Купувачите на интернет најчесто сакаат да прегледуваат повеќе слики од соодветниот производ, да читаат коментари и рејтинг на производите, детален опис, технички спецификации, да споредуваат производи (сите овие опции се ви се достапни со ukion.mk е-продавниците), се разгледуваат комплементарни и сугестивни производи пред конечно да се донесе одлука за купување. Доколку во вашата е-продавница нема доволно информации, иако цената е атрактивна нема да се оствари планираната продажба или истата ќе биде релативно мала.

интернет продавница

6. Сам свој мајстор. Сопствениците на малите бизниси имаат сериозно лоша навика се да изработуваат сами. Ова е невитален дел од малиот бизнис посебно во почетокот на работењето на компанијата кој одзема значаен ресурс – време. Навидум се изгледа лесно и едноставно, додека не заглавите во лавиринт од проблеми за кои ќе ви треба премногу време или стручна помош да ги решите. Времето е многу вреден ресурс во бизнисот и иако за професионалец би платиле одредена сума пари, вас ви останува времето за она што го знаете најдобро, а тоа е развој и проширување на вашиот бизнис без дополнителни дистракции. Денес, интернет продавница во Македонија може да поседувате веќе од 20 евра месечно – во ukion.mk (се вклучено во цената), и доколку го споредите тој трошок со отворање на физичка продавница или со пропуштената можност (опортунитетен трошок) за унапредување на вашиот бизнис секако дека ќе се определите за платено решение.

Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка InStore бр.7. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.

Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.

Сподели го постот на:
| |

10 причини за отворање на интернет продавница

16 April, 2013 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 

Почитувани читатели, претприемачи и сопственици на фирми, во следните неколку редови, накратко колку што ми дозволува просторот ќе се обидам да ви појаснам зошто ви е потребна интернет продавница и кои се бенефициите од поседување на истата.

1. Ниски Трошоци и висок поврат на вложените средства. Интернет продавниците во споредба со физичките продавници се далеку поисплатливо решение за трговија. Трошоците за креирање и одржување на истите се само незначителна фракција од трошоците за физичка продавница. Со интернет продавницата заштедувате значајни средства кои можете да ги искористите за унапредување на продажбата или експанзија на вашиот бизнис. И истите сега ви се подостапни од било кога со UKION интернет продавниците со месечна претплата од веќе 1240 денари.

2. Зголемена продажба и конкурентност преку пониски – дампинг цени. Со интернет продавницата како што напоменав, ги избегнувате сите трошоци на физичката продавница. Отворањето на физичка продавница бара поголем обем на инвестиција. Со е-продавницата, покрај тоа што ќе извршите истражување на пазарот пред инвестирањето, со многу пониски трошоци ќе започнете да ги остварувате планираните цели и ќе креирате простор за подоцнежно отворање на физичка продавница доколку има потреба за тоа. Помалите трошоци резултираат со помали продажни цени на производите. А тоа пак доведува до зголемена конкурентност и зголемување на продажбата. Погледнете го примерот на Avon, Oriflame и сл. – Со години делуваат глобално преку трговски патници и каталошка продажба и сега на големо ги исцрпуваат сите бенефиции на интернет продажбата без притоа да поседуваат физички продавници насекаде низ светот (со одредени исклучоци).

3. Зголемување на вашиот пазарен потенцијал. За ова може да послужи претходниот пример со Avon и Oriflame – Веќе имате компанија и делувате/продавате или нудите услуги на одредено подрачје. Притоа со физичката продавница сте лимитирани на одредено пазарно подрачје, регион, град или населба. Како најлесно и со најмали трошоци да го зголемите опсегот на вашето пазарно делување? Едноставно, со интернет продавница. Веќе преку ноќ ќе го опслужувате целокупниот домашен, регионален па и глобален пазар. Значи за исти трошоци добивате огромна можност за поврат на инвестицијата бидејќи вашиот потенцијален пазар или ново креираниот мега-пазар е неколкукратно поголем.

4. Работно време 24/7. Интернет продавницата е секогаш отворена, 24 часа на ден, секој ден во годината. И за празник и за делник. Бидејќи модерниот начин на живот наметнува се помалку слободно време за слободни активности и шопинг, вашиот бизнис ќе има огромна придобивка од континуираното работно време. Добивате потенцијални купувачи кои немаат или не сакаат да трошат време за шопинг или поради тоа што имаат ограничено слободно време ќе ги прегледуваат или нарачаат вашите производи и услуги додека се на работа, во движење преку нивните мобилни уреди (таблет, мобилни телефони, лаптопи), од кафуле, од конкурентска продавница, во вечерните часови, за викенди и сл.

5. Атрактивна презентација на производи и услуги – Атрактивната презентација на производите и услугите има огромно влијание врз нивната продажба. Доколку сте голема компанија која може стилистички да го уредува физичкиот продажен простор на пример како Zara, Bershka, McDonalds и слични, нема да имате никаков проблем во презентација на вашите производи/услуги. Но најчесто малите и средните претпријатија имаат потешкотии во изнаоѓање на средства и креирање на моќна презентација со која ќе ја зголемат продажбата и ќе го изградат нивниот бренд. Интернет продавницата ви нуди неограничена можност за атрактивната визуелна презентација на производите преку слика (сликата вреди 1000 зборови) и дизајн со што се овозможува неколкукратно зголемување на обемот на продажба. Замислете само неодоливи слики на храна, пијалоци, торти, колачи, (во стилот што го користи McDonalds) играчки, компјутери, накит, козметика, облека.. Кој не би посакал да има таков производ?

6. Интернет Поттикната продажба. Според одредени статистики, продажбата поттикната преку интернет продавницата (web influenced) – за купување во физичката продавница се движи во просек до 42% со тенденција за пораст до 53% до 2014 год. Тоа значи компаниите што поседуваат интернет продавница забележале зголемување на продажбата во физичката продавница за 42% во однос на оние што воопшто не поседувале интернет продавница. Ова е сериозна причина да размислите што губите доколку не поседувате е-продавница.

7. Можност за зголемување на продажбата преку сугестивни производи и подароци. Интернет продавницата ви овозможува и дополнителна продажба преку понуда на сугестивни производи. Доколку имате интернет искуство сигурно сте налетале на слоганот купувачите ги купуваат и следните производи – На пример купувате мобилен телефон а сугестивни производи ќе ви бидат разни додатоци како футроли, торбички, мемориски картички, полначи за во автомобил..

8. Можност за продажба преку социјални мрежи и следење на навиките и желбите на потрошувачите. Интернет продавницата ви овозможува промоција на вашите производи преку социјалните мрежи како facebook, twitter и слични и тоа потполно бесплатно. УКИОН продавниците освен бесплатна промоција и споделување ви овозможуваат како дополнителна опција дури да продавате директно на Facebook. Социјалните мрежи се одлична можност за промоција на вашиот бизнис и вашите производи/услуги и зголемување на интересот за истите преку препораки, пофалби, like-ови, коментари, споделување на линкови и слики. Е-продавниците во комбинација со социјалните мрежи ви овозможуваат и следење на навиките и желбите на потрошувачите со тоа и поголема можност за таргетирана продажба на вашите производи.

9. Можност за дополнителна бесплатна промоција и продажба преку пребарувачи како google, bing, yahoo и слични. Огромен е бројот на потенцијални клиенти што случајно ќе “влетаат” во вашата продавница само преку пребарување на google. Пример, потенцијалниот клиент бара некој производ и во резултатите може да се појави линк до соодветен производ од вашата продавница. Па некогаш дури и да се нема намера да се нарача или купи, неодоливата визуелна презентација ќе го наведе потенцијалниот клиент во спротивното.

10. Одржување на вашата конкурентност – за на крај еден интересен статистички податок: 87% од купувачите во физичките продавници, трговски центри или супермаркети во Европа и САД ги споредуваат цените на производите што сакаат да ги купат преку интернет и истите доколку се поевтини ги нарачуваат од соодветната интернет продавница. Затоа не пропуштајте да продадете повеќе со инвестиција која неколкукратно ќе ви се исплати во иднина.

Распространетоста на интернетот, мобилната телефонија, постојаната потреба и желба за информации и динамичкиот животот наметнуваат нови трендови и во деловното работење. Трендовите носат задолжителни промени во тековните бизниси и постојана потреба од флексибилност и стратегиско прилагодување, во спротивно на долг рок се соочувате со пропаѓање и ликвидација на вашиот бизнис.

Повелете видете ја понудата на UKION.MK за отворање на интернет продавница по принципот “клуч на рака” и започнете со продажба ВЕДНАШ.

Статијата е објавена во првиот регионален месечен магазин за стока за широка потрошувачка IN Store бр.6. Автор на статијата е г-ин Виктор Устијаноски, извршен директор на УКИОН доо кој е долгогодишен познавач на трендовите во интернет трговијата во Македонија и на Балканот.

Не е дозволено било какво копирање, прилагодување, уредување, трансформирање, публикување, објавување, реобјавување дистрибуција, редистрибуција, пренесување или прикажување во јавност на овој текст  (во било која форма или медиум) без писмена дозвола од УКИОН доо.

Сподели го постот на:
| |

Интернет продавници и интернет трговија, предности и трошоци

16 May, 2012 | Објавено во: Интернет продавници | Comments Off 

Веб Продавницa (интернет продавници, виртуелна продавница, е-продавница, е-комерц, web shop, e-commerce) e веб апликација или веб сервис кој Ви овозможува продавање на Вашите производи, услуги или сервиси преку интернет со користење на платежни картички и други сервиси за интернет плаќања. Web Shop (интернет продавница) има неколку предности во однос на традиционалниот начин на продажба и неограничени можности за презентација на производите преку рекламни банери, користење на социјални мрежи и други начини за интернет маркетинг. Неколку предности:

  1. Зголемување на приходите
  2. Намалени трошоци за работа бидејки се избегнуваат реални инвестиции како:
    • изградба/наем, уредување и одржување на продажен простор,
    • инвестиции од техничка природа ( не е потреба инсталација на греење, спроведување на струја, вода, поставување на каси за плаќање и сл…),
    • Намалена потреба за продажен и логистички персонал,
    • Намалени трошоци за набавка, дистрибуција и испорака на производите и услугите
  3. Извонредна, ефикасна и таргетирана промоцијата на производите и услугите користејќи ги неограничените интернет маркетинг можности
  4. Работното време на web продавницата е 24/7 (не е ограничено со време)
  5. Поголем опсег на купувачи – купувачите можат да бидат од било кој дел на Македонија или светот,
  6. Поголема достапност на веб продавницата за купувачите, во однос на физичката локација на продавницата
  7. Дополнителни посети преку интернет пребарувачите на Google, Yahoo, Bing и други со што се зголемува интересот и можноста за купување на одреден производ
  8. Создавање user community – со што се овозможува промоција на нови производи и услуги на редовни потрошувачи
  9. Покрај планираниот производ можност за дополнително купување на сугестивни производи итн.

Бидете иновативни и понапред од конкуренцијата. Искористете ја можноста на интернет трговијата и интернет плаќањата изголемете ги вашите приходи со нашата услуга во новата еБизнис ера во Македонија. Интернет трговијата според сите светски аналитики е едниствена гранка која не подлегнала на глобалната светска криза и очекува пораст во следниве години до 100%. Бидете спремни навреме.

Соодветно на ова УКИОН како компанија специјализирана за оваа област нуди интернет/веб продавници кои можат да ги користат сите фирми и стопанственици. UKION SHOPS интернет продавниците е иновативна, моќна, едноставна за користење и економски достапна “cloud” платформа за интернет продавници (екомерц, web shop) за продажба на производи и услуги преку интернет. Мисијата на UKION SHOPS е да понуди што е можно поедноставна, ефтина и практична веб продавница за секоја фирма. UKION SHOPS е флексибилна и лесно надградлива платформа со понуда на голем сет од функционалности и дизајни што овозможува секоја компанија дури и од поголем обeм со леснотија да активира и управува со своја интернет продавница.

Повеќе за карактеристиките на UKION SHOPS, демо или нарачка овде!

Сподели го постот на:
| |