UKION SHOPS интернет продавниците имаат две компоненти, Front-End и Back-End. Front-End – е наменет за сите посетители (купувачи) и тоа всушност претставува дизајнот и функционалностите кои им се достапни на купувачите при посетата на интернет продавницата. Back-End – пристапуваат само овластени лица и служи за администрација, сетирање, управување, добивање извештаи, контрола на целокупната продавница и податоците - модулите кои се прикажуваат на Front-End.

UKION SHOPS ви ги овозможувааат следните видови на трансакции:

  • Бизнис – бизнис (B2B – Business-to-Business)
  • Бизнис – корисник (B2C Business-to-Consumer)

Карактеристики на Front-End

  • Избор на бесплатни дизајн шаблони (templates), доплата за професионални дизајн шаблони и можност за (custom) дизајн по ваша мерка
  • Функционална, разгранета и лесна за користење навигација на продавницата
  • Прикажување на производи со банери - голем банер (image slider) на почетна страна и дополнителни помали банери на почетна или на внатрешните страни на продавницата - овозможува поставување на атрактивни слики за промотивни производи/услуги или производи/услуги на попуст заради зголемување на продажбата на истите
  • Листање на цените во различни валути - во зависност од земјата на купувачот, производите можат да се листаат во различни валути – евра, долари, фунти, денари..
  • Плаќање со различни валути - плаќањето може да биде во различни валути – евра, долари, фунти, денари...
  • Мултијазична подршка - Продавницата доаѓа со еден стандарден јазик, дополнителните јазици се доплаќаат според тарифникот на УКИОН
  • Модул за прикажување на најнови производи – Листање и промоција на најновите производи, на насловна или внатрешна страна а со тоа зголемување на можноста на продажба на истите
  • Модул за прикажување на производи на попуст – Листање и промоција на производите на попуст на насловната или внатрешните страници
  • Модул за прикажување на најпродавани производи – Според сите статистики, листата за најчесто продаваните производи сугестивно влијае за купување на истите кај новите посетители (купувачи)
  • Пребарување на производите и услугите – по категории, подкатегории, по опис на производот
  • Листање по растечки или опаѓачки цени, по рејтинг, по азбучен ред, по модел, прикажување на резултатите во листа или во матрица
  • AJAX базирана шопинг кошничка – по купувањето, производот се додава во кошничката со соодветно известување. Шопинг кошничката содржи информации за вкупната цена и бројот на нарачани производи. Со кликање на кошничката се добиваат дополнителни информации за нарачаните производи, нивна слика и цена, и линк за комплетирање на нарачката.
  • Доколку е потребно - определување дали е потребна регистрација на купувачот за прикажување на цените или прикажување на истите без регистрација.
  • Регистрирање на купувачите и самостојно менаџирање на акаунтите (сметките) – купувачите можат да ја следат состојбата на нивните нарачки, да добиваат известувања за промените, да ги менуваат нивните персонални податоци, да ги спуштаат (download) купените дигитални производи, историја на нарачки, листа за вратени производи, да се зачленуваат или одчленуваат од електронскиот весник итн..
  • Регистрирање на електронски весник (Newsletter) – Овозможува различна форма на известувања, објавување на новости, дополнителна промоција на производи и услуги, објавување на попусти, акции, врзани производи..
  • Автоматско ресетирање на заборавена лозинка на купувачот – често се случува лозинката за пристап на интернет продавницата да е заборавена и со овој модул се овозможува автоматско ресетирање на истата без дополнитело вознемирување на администраторот или лицата задолжени за администрација и управување со продавницата
  • Компарација (споредба) на производи - овозможува споредба на повеќе селектирани производи по нивните карактеристики, цени, слики, опис..
  • Креирање на листа на желби (wishlist) – купувачите може да креираат листа на желби или посакувани производи и истите да ги зачувуваат за подоцнежно одложено купување
  • Интерактивна галерија на повеќе слики по производ – висококвалитетни слики за производите/услугите кои дополнително го привлекуваат вниманието на потрошувачите
  • Cross selling – поврзување на препорачани производи на главниот производ – обично представени како: поврзани производи или купувачите што го купуваат овој производ купуваат и..
  • Купување на вредносни ваучери – Купувачите можат да нарачаат вредносен ваучер со посветена порака за член од фамилија, роднина, пријател, сакана личност, колега или слично.. со најразличен повод (роденден, диплома, честитка, годишница, поздрав, љубов, успех...) и истиот по емаил се испраќа на лицето наведено на вредносниот ваучер. Потоа, имателот на вредносниот ваучер истиот го користи за купување на соодветен производ или услуга на интернет продавницата и доколку постои разлика во цената истата ја доплаќа. Со оваа опција дополнително постои можност за зголемување на продажбата и овозможување на таргетирана продажба при најразлични настани, евенти, празници..
  • Најразлична конфигурација на нарачан производ по опции на производите/услугите, боја, големина, дезен, додатоци, гравирање...
  • Листање на карактеристиките односно атрибутите на производите/услугите (вие ги дефинирате во панелот за администрација) во уредена, лесно прегледна табела - погодно за дополнителни податоци за производите како на пример: технички податоци на компјутер, камера, лаптоп; податоци за книги (автор, година, ISBN), доколку се работи за облека дополнителни податоци за материјалот, начинот на одржување, доколку е музика - автор на музиката, аранжман...
  • Модул Social – поврзување на производите и услугите со повеќе од 100 социјални мрежи како facebook, twitter, digg, linkedin и слични за споделување и подобра промоција на производите и услугите преку овие друштвени социјални мрежи
  • Опции / филтри за листање по брендови, категории, подкатегории, производи на попуст
  • Опција / филтер за листање на производите по растечки или опаѓачки цени
  • Достапност на производите - овозможува прикажување дали производот е на залиха, не е на залиха, кога доаѓа на залиха, достапен само по нарачка.. Истото се дефинира преку администраторскиот панел на продавницата
  • Продажба на дигитален контент – музика, филмови, книги (MP3, AAC, WMA, AVI, MPG, MP4, PDF..), софтвер и друга дигитална содржина. По нарачката и плаќањето, на корисникот му се доделува линк за спуштање (download) на дигиталната содржина. Преку администрациониот панел се определува колку пати може да се спушти истиот производ, еднаш или повеќе..
  • SEO оптимизација и SEO линкови – оптимизирање на кодот и линковите за лесно и напредно регистрирање на вашата страна од Google, Yahoo, Bing и други интернет пребарувачи, добивање на подобри оценки од страна на пребарувачите и со тоа и можност за зголемување на посетите на продавницата и зголемување на продажбата.
  • Breadcrumbs - Корисникот во секое време знае и има можност да се врати еден или неколку чекори назад, а “бредкрампс” линковите ја овозможуваат оваа функционалност
  • Можност за купување без регистрација (Guest checkout) – На купувачите им се дава можност за купување без потребна регистрација во продавницата – истиот купувач ги внесува личните податоци, адресата на испорака и начин на плаќање при купувањето.
  • Модул за One Page Checkout – Напредно AJAX комплетирање на нарачка - се овозможува регистрација, избор на адреса за испорака, адреса на плаќање, начин на плаќање, прифаќање на условите на продавницата и комплетирање на нарачката преку една страна
  • Контакт формулар – Контакт адреса на компанијата, телефон, е-маил, други контакт информации, feedback формулар за контакт
  • Можност за рекламација (авторизација за враќање на производите/услугите) – со овој модул се овозможува унапредување на интеракцијата помеѓу продавач - купувач. Доколку купувачот добил оштетен или погрешен производ или поради било која причина е незадоволен од производот/услугата, преку доставување на онлине барање за рекламација – авторизација, во голема мера се скратува времето за решавање на проблемот и се подобрува квалитетот на услугата на продавницата
  • Поставување на дополнителни содржини – Политика за приватност, Информации за испорака, услови за користење, информации за компанијата, совети, текст (се уредуваат преку администрациониот панел)

Начини на плаќање

  • Модул за плаќање со кредитна/дебитна картичка - Со UKIONSHOPS добивате IP адреса и SSL сетификат во сопственост на УКИОН (ги користите додека трае договорот) потребни за поврзување со ваша банкарска сметка. За да ги користите истите треба да поседувате или да отворите банкарска сметка во некоја од наведените банки: УНИ банка, Халкбанкa, Стопанска банка, Комерцијална банка или Тутунска банка. Постои можност и за доплата за ваша сопствена IP адреса и стандарден SSL*, а исто така и можност за доплата за брендиран SSL сертификат на име на вашата копманија.
  • Модул за плаќање преку фактура/трансакциона сметка – B2B (правни лица) плаќања или фактура на физичко лице - фактурата се испраќа преку емаил или по пошта, секоја фактура има свој број за полесно следење на наплатата и испораката, истата се плаќа вирмански или онлине банкарство преку трансакциска сметка
  • Модул за плаќање со PayPal - За користење на истиот ќе треба да поседувате сметка (акаунт) на PayPal
  • Модул за плаќање при или по испорака
  • Опција за бесплатни услуги или производи - доколку истите ги нудите

Карактеристики на Back-End

  • Web базирана платформа – интернет или веб продавницата може да се надополнува, одржува и ажурира независно од локацијата – односно од секаде каде што има интернет, без потребно техничко знаење и искуство
  • Модуларен систем на веб продавници – Проширување на функционалностите со доплата и додавање на нови модули (наскоро!)
  • Внесување на број на производи/услуги дефинирани со пакетите, внесување на категории, производители – Поддржува додавање, одстранување и ажурирање на производи и услуги, слики, ценовни промени, доделување попусти, промоции и сл.
  • Целокупна административна контрола на модулите достапни на Front-End, нивно различно позиционирање на насловна страна или на внатрешните страни (достапни се 4 позиции: лево, десно, горе, долу).
  • Целокупна административна контрола на текстовите, дополнителните содржини, контакт и други информации
  • Групирање на купувачите во различни ценoвни групи. Со ова се овозможува формулирање различни цени по производи за различни купувачи – пример: цени за лојални купувачи, цени за препродавачи, цени на големо, цени на мало, цени за B2B партнерите на продавницата итн.
  • Модул за акциски попусти, поклони, ваучери, наградни поени и продажба со купони за промоција и попуст - Со ова се овозможува унапредување на продажбата преку попусти, промоции, купони за попуст, ваучери, наградни поени по производ
  • Сетирање на минимален квантитет (количина на одреден производ) на нарачка
  • Сетирање на Cross Selling – сетирање на производи што се надополнуваат и креирање на можност за дополнителна продажба
  • Галерија на повеќе слики со автоматско прилагодување на големината на сликите - висококвалитетни слики за производите кои дополнително го привлекуваат вниманието на потрошувачите
  • Банер Менаџмент – едноставно менаџирање на големите банери (image sliders) на почетна страна и дополнителни помали банери на почетна или на внатрешните страни на продавницата
  • Доделување на атрибути на производите – димензии, тежина, боја или атрибути по желба со различни цени во зависност од атрибутите
  • Модул за контрола на Newsletter - преглед на корисници пријавени за Newsletter и припрема и испраќање на известувања или други содржини преку е-маил до пријавените за Newsletter
  • Ажурирање на Meta tag и Meta description на секоја страна, и за секој производ со што се подобрува SEO (search engine optimization) котирањето на интернет пребарувачите
  • Флексибилни модули за оданочување (ДДВ) - во зависност од земјата на купувачите, ЕУ модел или користење фиксен ДДВ модел од 18% за е-продавници во Македонија
  • Статистика на продавницата – продадени производи/услуги, статус на нарачка (на чекање, испорачани, комплетирани..), продажба по ден/недела/месец/година, број на зачленети купувачи, кои производи се најпосетени и најинтересни за купувачите, статистика на продадени производи и сл.
  • Google Analytics за напредни статистики на посетеност – посетеност по град, држава, време на посетеност, посетеност од интернет пребарувачи, од интернет маркетинг кампањи..
  • Контрола и менаџмент на нарачките, нивниот статус – По нарачката на производот – процесот се става “на чекање”. Со тоа се овозможува контрола на уплатените средства, проверка на валидноста на кредитната картичка или друг начин на плаќање, валидација и дополнителна контрола на информациите на потрошувачот, дали производот е на залиха и слично. По извршената контрола администраторот/менаџерот го менува статусот на нарачката во зависност од текот на одлуката: во тек, испорачана, поништена или враќање на средствата со што потрошувачите добиваат известувања по е-маил
  • Е-маил известувања за извршена нарачка до купувачот и продавачот
  • Печатење на фактурите и другите информации за купувачот
  • Алатки за Backup (архивирање) и враќање на бекапираните податоци на ниво на сопствената продавница со што се обезбедува дополнителна заштита на продавницата
  • Доделување на мулти менаџмент контрола на продавницата – дозвола повеќе лица да менаџираат со производите, цените и процесите на нарачка, рекламните банери, попусти, со начинот на плаќање и испорака, менување на целокупната содржина на продавницата
  • Партнерска програма* - Affiliate систем. Сетирање на систем за надворешна продажба и промоција на производите/услугите со исплата на одредена провизија по остварена продажба. Со тоа се зголемува можноста од индиректна продажба затоа што надворешните препродавачи – affiliate членови имаат зголемена мотивација поради добивање на одреден процент од продажбата.
  • Сигурносен администраторски пристап, енкриптирани лозинки за пристап, уникатни сигурносни токени за Front-End и Back-End

Модули за испорака

  • Конфигурирање на фиксна цена на испорака по региони и зони
  • Конфигурирање на цена на испорака по тежина на производ
  • Конфигурирање на цена на испорака по производ (по парче)
  • Без вкалкулирање на трошоците за испорака – пример подигнување на производот од физичката продавница
  • Бесплатна испорака
* UKIONSHOPS интернет продавниците се достапни со договор склучен на период од 12 или 24 месеци.

** Во пакетот е вклучена телефонска и е-маил поддршка само во работни денови и во работното време на УКИОН (Понеделник - Петок: 09 - 17 часот).

*** Дедицираната IP адреса и SSL сертификат се во сопственост на УКИОН и клиентот ги користи додека трае договорот. Постои можност и за закупување на сопствена IP адреса и SSL сертификат (домен базиран) по цена од 6250 денари + 18% ДДВ / годишно.

**** Дополнителните барања за доработки, надградба, надополнување, модификации, дополнителни функции, дополнителни модули и интервенции се наплаќаат според важечкиот ценовник на УКИОН односно 25 евра / час + 18% ДДВ

***** По склучување на договорот, можна е промена на пакетот од помал во поголем. Во тој случај, по промена на пакетот, договорот до истекот на истиот продолжува со поголемиот пакет.

****** За демонстрација на интернет продавницата посетете го линкот за демонстрација.