При изборот на хостинг компанија, многумина ја занемаруваат технолошката инфраструктура на која се хостираат нивните податоци, веб страни и апликации, кога тоа треба да биде еден од најважните фактори при одлучувањето.
Сервери
Нашиот хостинг користи бизнис класа HP и Dell сервери базирани на Intel ® / AMD процесори и Raid10 - супер брзи NVMe SSD дискови. Секој акаунт поседува сопствен Direct Admin / Plesk контролен панел за едноставно менаџирање на хостингот и едноставна инсталација на WordPress, Joomla, Drupal, Форуми, Галерии, Е-продавници (Web Shop) и други скрипти.
Рутирање - Routing
Рутинг центарот е составен од серија Juniper сервери, конфигурирани целосно редундантно по парови, со двојно напојување на електрична енергија. Сите сервиси се поврзани со 10 Gbps (10000 Mbps) мрежна конекција на 5 интернет провајдери (Tiscali, Telia, NTT/Verio, Interoute and Cogent) сето тоа обезбедено од Gyron Internet Ltd.
Напојување
За секој сервер се ангажирани двојни APC мастер напојувања, со што се елиминираат проблемите како: неавторизирана употреба на електрична енергија, блокирана опрема поради напонски промени, елиминирање на промени во напонот и потребата за сервисирање. Ова се постигнува со: индивидуална контрола на секој електричен извор (штек), контрола на прекините или одложена достава на енергија, перманентен мониторинг на напонот и тековните промени, дефинирани алармни прагови (напонски промени), менаџирање на мрежата и обезбедување на перманентна енергија од дополнителни напонски генератори за елиминирање на прекините на целокупната мрежа.
Локација
УКИОН користи сервери лоцирани во Лондон - Велика Британија и во Германија со минимизирано време на пристап (ping time) од 10ms до 85ms независно дали се пристапува од Европа или САД.
Свичови - Switches
Серверската мрежа користи Cisco свичови. Оваа опрема обезбедува извонредни перформанси и стабилност за високоперформансните сервери. Исклучителната сигурност и сервисирање без прекин на работата се овозможени преку користење на hot-swap (можност за сервисирање без прекини во работењето на опремата) напојувања и hot-swap редундантни разладни системи.
Сигурност
Серверската самоодбранбена мрежа е изградена околу Cisco (Series Adaptive Security Appliances), конвергентни firewall, IPS (Intrusion Prevention Systems), мрежен анти-вирус и VPN сервиси. Системот постојано го следи секое потенцијално оптоварување, мрежната активност и трансферот на податоци за да овозможи проактивно дејствување и елиминација на потенцијалната закана или напад пред тоа да се прошири на целокупната корисничка мрежа. Со други зборови, елиминацијата на секојдневните интернет ризици со кои се соочува вашиот бизнис ќе ви овозможи стабилна и флексибилна основа за успех и раст.













