webmail  |  кориснички центар  |  блог
Прашања?
прати е-маил
+389 (0)70  787 850
 
со технологија од  
 
Затвори close
Ве молиме внесете го вашето име

Ве молиме внесете валиден е-маил
Внесете валиден број



Ве молиме внесете го вашето прашање
  •  
  • Домени
  • Хостинг
  • Веб Солуции
  • Веб Продавници
  • Маркетинг
  • Компанија
  •   Нарачај

 

  • Полиса за Прифатливо Користење
  • Услови за Користење
  • Договор за Ниво на Испорачана Услуга (SLA)

Полиса за Прифатливо Користење

За да можете да ги користите производите и услугите на УКИОН, мора да ги почитувате одредбите на Полисата за Прифатливо Користење (ППК) во секој даден момент.

Ве молиме забележете дека во оваа ППК, “ние” “наше” “наша” значи УКИОН ДОО, регистрирана компанија во Македонија со седиште во Охрид, ул. Јане Сандански 115, со регистарски број: 6475191, а “вие ” “ваше”, ве означува Вас, корисникот односно клиентот.

Генерални информации

Оваа ППК се однесува за секој производ и услуга на УКИОН и е поврзана со вашето користење на истите тие производи и услуги. За некои производи и услуги постојат посебни одредби кои треба да ги почитувате за време на нивното користење. Додатокот А, Б и В на овој документ ви даваат дополнителни насоки зa примената на оваа ППК во однос на одредени услуги или производи.

Ваша одговорност е да ги почитувате сите применливи одредби на оваа ППК. Доколку имате дополнителни коментари или прашања, или постои одредба која не ја разбирате, ве молиме пратете е-маил за било кое прашање на адресата: abuse@ukion.mk

  • Не смеете да ги користите производите или услугите на УКИОН поради било каква противзаконита причина.
  • Вашето користење (traffic) на интернетот може да им попречи на другите мрежи, или да користи – вклучува услуги кои не се во сопственост на УКИОН, или со кои УКИОН не работи. Вие мора да се придржувате на Полисaтa за Прифатливо Користење, а воедно и на другите одредби или услови кои се наметнати од операторот на тие мрежи или услуги.
  • УКИОН може, по сопствена волја, да користи мануелни или автоматизирани системи за да ја одреди вашата сообразност со ова ППК на пр. Да скенира отворен е-маил релеј(пренасочувач) или засилувач (smurf amplifier).
  • Од вас се бара да ги прифаќате мејловите адресирани на "postmaster" на вашата домен адреса. На пример, ако имате домен “example.com", тогаш од вас се очекува неселективно да ги прифатите и прочитате мејловите адресирани на: postmaster@example.com. УКИОН може да дејствува на основа на оваа претпоставка.
  • Вашето користење на интернетот мора да соодејствува со општо прифатените стандарди на заедницата.

Невозможно е да се дефинира што точно значи “прифатливо користење”, “неприфатливо користење” или „злоупотреба“ на интернетoт. Овие одредби зависат од многу неформални спогодби што произлегле помеѓу администраторите, сопствениците и операторите на компјутерски мрежи што се составен дел на интернетот, а УКИОН е само еден од многуте корисници.

Меѓутоа, односот на УКИОН со другите мрежи, а ултимативно и неговата поврзаност со останатиот интернет свет, зависи во најголем дел од правилното однесување на неговите корисници. УКИОН не може и нема да толерира било какво однесување што негативно ќе влијае на неговата мрежа или опрема, или однесување што има негативно влијание на другите интернет корисници, или што би му штетело на статусот на УКИОН во пошироката Интернет заедница.

Поради тоа, многу е важно, во моментот кога ќе се случи активност која е квалификувана како “злоупотреба”, УКИОН да превземе соодветни мерки - кои, доколку не ги спровел, а воедно таквата злоупотреба продолжи, УКИОН би ја изгубил довербата на пошироката Интернет заедница, а тоа негативно ќе влијае на останатите клиенти на УКИОН во слободното користење на интернет услугите.

Оваа ППК и нејзините дневни апликации се резултат на сообразувањето на УКИОН со формалните и неформалните практики на Интернет заедницата. Додатоците на оваа ППК служат да ги појаснат проблемите што можат да настанат, а кои УКИОН ќе ги квалификува како непримерно однесување - “злоупотреба” што не е во сообразност со стандардите на заедницата.

Ние имаме право да ги истражиме “наводните” прекршоци на оваа ППК или постапките за кои се сомневаме дека се штетни, а за време на процесот ќе настојуваме да делуваме разумно и фер во секоја од тие постапки и процедури. Ако сметаме дека сте ја прекршиле ППК или Условите на Користење или Одредбите и Условите што се однесуваат на користењето на услугите, го задржуваме правото да делуваме по сопствена волја со такви мерки за кои сметаме дека се соодветни и пропорционални на прекршоците на одредбите. Овие мерки можат да вклучат формална опомена, суспендирање или поништување на една или повеќе ваши кориснички акаунти, притоа наплатувајќи ви дополнителна сума како надомест на штета која ќе ги покрие реалните трошоци за истражувањето и справувањето со злоупотребата; и/или блокирање на пристапот до релевантните компоненти на нашите услуги кон вас. Доколку го суспендираме вашиот пристап, тогаш тоа исклучување може да се одстрани по сопствена волја на УКИОН во моментот кога причината за исклучувањето е одстранета, по што следи формална писмена согласност од ваша страна, дека нема да направите било каква “злоупотреба” во иднина. Меѓутоа, треба да се напомени дека сите случаи ќе се разгледуваат и за нив ќе се решава индивидуално според нивната тежина.

При истрагата, без никакво ограничување, вие недвосмислено не овластувате да ги користиме вашите лични и акаунт податоци или информации во релација со таков вид на истражување, вклучувајќи и изложување на истите податоци на трето лице за кое ќе сметаме дека има легитимен интерес за таквото истражување или исходот од тоа истражување. Вие имате право на жалба според однапред дефинирана процедура за справување со вашите жалби, а кои се однесуваат на содржините зачувани и/или кон кои се пристапува преку нашите услуги. Ако поднесувате жалба, ве молиме погрижете се истата да ја испратите на адресата: abuse@ukion.mk. Доколу не ја користите оваа е-маил адреса, не можеме да гарантираме брз одговор на вашата жалба.

Некои од клаузулите на Додатоците наведени подолу се однесуваат и на надворешни веб-страни. УКИОН не одговора за содржината на овие веб-страни. Ако ви требаат дополнителни информации во врска со оваа ППК, ве молиме пратете е-маил на следнава адреса: abuse@ukion.mk

Додаток А: Генерален Интернет Пристап

  • Противзаконито е некои содржини да се поседуваат или пренесуваат. Вие, истотака, треба да знаете дека неовластениот пристап на компјутерските системи може да значи прекршок. Иако многу системи се поврзани со генерален интернет пристап, тоа не значи дека вие може да имате пристап до било кој компјутерски систем на кој наидувате.
  • Додека сте конектирани на Интернет, вашиот систем мора да биде во сообразност на сите релевантни IETF( Internet Engineering Task Force) стандарди.
  • IETF стандардите се подгрупа на RFC (Request for Comment) колекцијата и истата може да ја најдете на www.rfc-editor.org - на англиски јазик.
  • Не е дозволено испраќање на информациски пакети на интернет кои имаат фабрикувани (фалсификувани) адреси или кои намерно се конструирани негативно да делуваат на далечински (remote) системи.
  • Не смеете да користите софтвер за “скенирање” кој има пристап до далечиниски системи или мрежи, освен кога имате експлицитна дозвола од операторите на тие далечински системи или мрежи.
  • Вие мора да се осигурате дека не го поткрепувате праќањето на непосакувани мејлови во поголема количина (bulk email) или некоја друга форма на непосакувани мејлови или Usenet “злоупотреба“. Ова се однесува и на содржините кои произлегуваат од вашиот систем, и на содржините од трети лица кои можат да поминат - трансферираат преку вашиот систем.
  • Вашиот систем или мрежа не треба да бидат конфигурирани на начин кој им дозволува на другите да го искористуваат или попречат интернетот. Ова вклучува, но не е ограничено на уверувањето дека вашата мрежа не може да биде искористена како "smurf amplifier" - засилувач.
  • Не треба да стартувате отворен е-маил релеј (пренасочувач) "open mail relay", односно систем, кој прима мејлови од неовластени или непознати испраќачи, и истите ги препратува на дестинација која е надвор од вашиот систем или мрежа. Ако вашиот систем извршува пренасочување на авторизиран е-маил, тогаш овој премин на е-маилот треба да се зачува и да завршува со соодветна: "Received:" (примено) фраза.
  • Како исклучок за забрана за пренасочување, може да користите “анонимна” услуга за пренасочување под услов вие да го надгледувате процесот на пренасочување на таков начин што ќе оневозможите неовластено или преобилно користење. Меѓутоа, вие не смеете да го извршувате тоа пренасочување преку серверите на УКИОН, односно, можете единствено да испратите е-маил од таков систем до УКИОН, каде тоа би била крајната дестинацијата на испораката, а не дестинација за посредување на испораката на тој е-маил.

Додаток Б: Е-маил

Постојат многу форми на злоупотреба на мејлови. Овој додаток зборува за почестите форми на злоупотреба на неформален начин, меѓутоа во никој случај не претставува детална и експлицитна листа. Обично за “злоупотреба” се смета злоупотреба на интернет договори и институции, а не “вулгарна злоупотреба” испратена преку интернет. За да се квалификува како “злоупотреба” , активноста мора значително да попречува користење на мрежа од страна на индивидуа или група на индивидуи, на некој специфичен начин, на пример преку искористување на ресурсите или трошењето на корисничкото време на другите учесници. Терминот “злоупотреба” истотака вклучува и активности кои се противзаконити или нечесни.

Ако ги оставиме општите правила на страна, поради практичните проблеми што ги предизвикуваат “спам” мејловите, УКИОН има одговорност да разјасни дека “спам” односно, обилното испраќање на непосакувани мејлови во поголема количина од било каков вид, го смета за неприфатливо однесување. УКИОН секогаш ќе делува во истиот момент кога ќе забележи такво однесување или кога таквото однесување ќе биде пријавено од страна на трето лице. Едукативно, иницијалното предупредување во форма на е-маил, се смета за најсоодветен одговор за првиот престап на корисникот, бидејќи корисниците најчесто не се запознаени со модерните стандарди кои постојат. Мегутоа, според нашата полиса, доколку корисникот продолжи да испраќа "спам" - обилни непосакувани мејлови, УКИОН ќе го поништи договорот и ќе го блокира корисникот без никакво дополнително образложение.

Верижни писма, “заработи пари на брз начин” и други
Понзи-пирамидални измами – начини на илегално маркетирање

Овие писма се слични на испечатената верзија, каде го додавате вашето име на крајот на листата и истата пораката ја препраќате до сите ваши пријатели. На лицето на чело на листата обично му се праќа мала парична сума и истото се надева дека за брзо ќе стекне определено богатство. Проста математика покажува зошто овие пирамиди не се теоретски возможни, а ако се осврнеме на природата на човекот тогаш се докажува зошто ова не може да се изведе и во пракса. Овие измами, дури и кога не нудат никаква финасиска или материјална награда се сметаат за неприфатлива злоупотреба. Тие трошат ресурси на Интернет сервисот, провајдерите и корисниците кои ги симнуваат истите писма. Иако не вклучуваат пари, тие се сметаат за нелегални во многу земји и во Македонија, и покрај тоа што истите во испратениот текст го тврдат стротивното.

Непосакувани Комерцијани Мејлови - Unsolicited Commercial Email (UCE)

Непосакуваните Комерцијани Мејлови претставуваат рекламен материјал пратен или примен преку мејл без примачот претпходно да барал таква информација, или на било кој начин изразил интерес за содржината на материјалот кој се рекламира. Бидејќи многу интернет корисници плаќаат за нивниот интернет трансфер на податоци и за потрошеното време, тоа преставува непотребен трошок за истите тие лица кога примаат такви мејлови. Примањето на Непосакувани комерцијални рекламни материјали според ова нив ги чини пари, и поради тоа истите често се сметаат за посебно недобредојдени. Треба да се забележи дека корисникот не изразува интерес за производ или услуга со едноставно постирање на некоја вест во одреден форум или блог, или со посета на определена на веб-страница, освен во случај ако корисникот не направил посебно барање таквите информации да им се достават на е-маил како на пример, барање за каталог по е-маил.

Непосакуван Мејл во Големи Количини - Unsolicited Bulk e-mail (UBE)

UBE е слично со горенаведеното UCE, но во овој случај UBE не се труди ништо да продаде. UBE користи фабрикација или фалсификуван хедер (e-mail header - податоци по кои се верифицира е-маилот) или фабрикувана или фалсификувана порака и притоа се испраќаат мејлови каде нивното потекло изгледа дека е од друг корисник или систем, или во некои случаи од непостоечки систем. Истотака, фабрикувањето значи препратување на повратните одговори на веќе пратените мејлови до некои други корисници или системи. Меѓутоа, во секој случај, доколку од страна на друг корисник или администратор на друг систем ви е делегирана соодветна дозвола за испраќање на мејлови, тогаш истите не представуваат проблем додека се користат "null" повратни патишта дефинирани во релевантните е-маил стандарди.

Бомбардирање со мејлови

Бомбардирање со мејлови се дефинира како праќање на многубројни мејлови, или еден обемен мејл, со единствена намера - вознемирување и/или барање освета против некој друг Интернет корисник. Ова го уништува заедничкиот интернет ресурс, а воедно и нема никаква вредност за примачот на мејлот. Бидејќи е потребно време мејлот да се симне, праќањето големи мејлови без претходен договор може да доведе до одбивање на услугата (неможност да се прими истиот), или недозволен пристап до маилот од страна на примачот. Ве молиме забележете дека додавањето на бинарни прикачувања (attachments) на мејловите може значително да го зголемат обемот на мејлот. Ако претходно не е направен соодветен договор за испраќање, ваквите мелјови воопшто не се посакувани.

Напади: Спречување на користење Услуги

Спречување на користење на услуги се дефинира како било која активност која е креирана да спречи одреден домаќин (хост) на Интернетот да направи целосно и ефективно користење на неговите ресурсни можности. Ова вклучува, но не е ограничено на:

  • Бомбардирање со мејлови на адреса на таков начин што го прави пристапот на интернетот невозможен, тежок или прескап.
  • Отворање на голем број на мејл конекции на товар на истиот домаќин (хост).
  • Намерно праќање на мејлови креирани да му наштетат на системот на примачот кога истите мејлови ќе се отворат. На пример, праќање малициозни (malicious) програми или вируси прикачени на мелјот, фалсификувано потпишување на smarthost или мејл пренасочување (relay) без претходно овластување да се направи тоа.

Претплатнички Мејлинг Листи

Мејлинг листи преставуваат шеми за дистрибуирање на копии на истиот мејл на повеќе различни луѓе. Во секој случај, не е прифатливо да претплатувате или запишувате (subscribe) било кого надвор од вашата корисничка база, на било која ваша мејлинг листа или слични услуги, освен ако претходно за тоа не е дадена експлицитна дозвола. Сопствениците на листите треба да ги потврдат сите барања за претплатување, преку соодветна конфирмација од страна на претплатникот за прифаќање на такви мејлови. На пример, checkbox на вашата страна за добивање на newsletter. Исто така, мора да ги почитувате желбите на корисниците доколку сакаат да се отпишат (unsubscribe) од вашата маилинг листа. Постојат одлични интернет апликации кои ќе ги автоматизираат и двата процесa (subscribe and unsubscribe). Не е прифатливо да претплатувате луѓе единствено поради тоа што ја посетиле вашата веб страна или користеле некои од вашите производи или услуги; личноста мора да направи експлицитно барање да биде ставена на листата. Голем број жалби за непосакувани мејлови произлегуваат од луѓе кои не биле свесни или заборавиле дека се претплатиле на некоја мејлинг листа. Доколку користите мејлинг листи ви се препорачува да чувате копии од административните барања (web-logs или потврдни мејлови вклучувајќи го и heder-от) со што може да потврдите дека барањата за претплатувања биле валидни.

Нелeгална Содржина

Секоја информација или содржина што е со закон забранета да се поседува, користи, пренесува или дистрибуира преку средствата за комуникација, не смее да се пренесува ни преку е-маил.

Прекршување на Авторските Права или Интелектуална Сопственост

Доколку преку е-маил испраќате информација или содржина која подлежи на авторски права или друг вид на интелектуална сопственост, мора да имате согласност од сопственикот на авторските права или на интелектуалната сопственост.

Додаток B: Веб-страни на Клиентите

Овој додаток се однесува на сите услуги кои ги обезбедува УКИОН. Вие сте одговорни за содржината на вашата веб-страна и мора да се осигурате дека ниеден применлив закон не е прекршен. Мора да ја добиете секоја потребна легална дозвола за сите елементи кои ќе ги вклучува вашата веб-страна. Вие ќе бидете одговорни, а воедно и ќе прифатите одговорност за секоја клевета, тајна или доверлива информација или друг лиценциран материјал кој е прикажан на вашата веб-страна. УКИОН го задржува правото да одстрани било каква содржина од веб-страната по сопствена волја, без претходна најава и објаснување. Веб-страната не смее да се користи за понуда, рекламирање или дистрибуирање на следниот вид содржини:

  • Софтвер за праќање на спам мејлови (непосакувани мејлови во големи количини- bulk emails, прекумерни вести и сл.);
  • Нелегална содржина;
  • Листа на е-мејл адреси, освен кога сопствениците на адресите претходно дале експлицитна дозвола;
  • ило каква колекција на лични податоци различна од таа што е во согласност со Европските закони за заштита на личните податоци Data Protection Directive 95/46/EC.

Морате да ги почитувате одредбите на позитивните Европски закони за Заштита на лични податоци Data Protection Directive 95/46/EC, кои се поврзани со примените информации, сочувани или пренесени преку користење на вашата веб-страна. Ако вашата веб-страна содржи материјали кои можат да направат генерален прекршок, тогаш потребно е да прикажете јасно-читлива предупредувачка страна пред пристапот до таа содржина. За да се избегне двоумење, ова конкретно значи дека вашата top-level веб-страна (обично index.htm; index.html или index.php) не смее има содржина за возрасни или друга содржина што генерално може да предизвика навреда или омраза.

На местото каде дел од веб-страната формира независен дел што не е поврзан со главната почетна страна, истата ќе се смета како посебна страна со посебни права, кога ќе се земe во предвид постоењето на соодветно предупредување пред прикажувањето на страната. Предупредувања исто така се потребни на места каде содржината е референцирана директно од веб-страната, без посредувачки страни, или каде употребата на frame-ови овозможува содржината да изгледа како дел од веб-страната. Сите страници на веб-сајтот се сметаат за јавни и можат да бидат прегледани или симнати од било кое лице, безразлика дали се поврзани со некоја централна содржина или со главната страна. Некои страни користат специфични механизми за превентива на неовластен пристап. Страни кои се заштитени на овој начин нема да се сметаат за јавни.

Вашите веб-сајтови може да не бидат рекламирани од вас, или од друго лице, со користње техники кои можат да бидат класифицирани како “злоупотреба”, кои ако се изнесат надвор од УКИОН акаунот, вклучувајќи, но не ограничено на масовно праќање непосакувани мејлови во големи количини или преобилно постирање на вести, ќе бидат третирани според ППК на УКИОН, како да биле направени од акаунтот на УКИОН. За да се избегнат овие појави, Веб-сајтовите мора да изложуваат валидни и ажурирани контакт е-маил адреси од лицето/а одговорни за сајтот. Употребата на генерични адреси како “webmaster” е прифатлива за оваа цел. Притоа адресата мора да биде прикажана на top-level страната или да може лесно да се лоцира од таа страна.

вер.0.3 Ревизија: 27 Јануари 2010

Услови за Користење

Сите корисници се обврзани со овие услови за користење.

  1. Сите парични надоместоци за сетирање и поставување на услугите се неповратни.
  2. Сите парични надоместоци за обезбедените услуги се плаќаат однапред во зависност од наведениот циклус на наплата (месечно, квартално, годишно..). Ако притоа истите не се подмират однапред, тоа може да резултира со раскинување или суспендирање на услугите без претходна најава.
  3. Ако го откажете користењето на услугите по гарантниот период од 30 дена, нема да има рефундација на средствата за неискористениот период во циклусот на наплата (месечно, квартално, годишно..). Ако ги откажете услугите, но не успеете да ги пренесете вашите сајт(ови) на друг провајдер, и продолжите да ја користите нашата хостинг мрежа, вас ќе ви се наплаќа се додека не престанете да ги користите нашите услуги. Ако сакате користењето на услугите да прекине веднаш, вие мора да поднесете барање за таков прекин на billing@ukion.mk или на тел. +389 (0)70 787 850 каде ќе ви биде доделено формално барање за прекин на услуги.
  4. 30 дневна Гаранција за Враќање Пари - ние нудиме ограничена Гаранција за Враќање Пари на сите нови клиенти. Ако ние не успееме да обезбедиме 99,9% достапност на серверите и мрежата за време на првите 30 дена од активацијата на новиот акаунт, клиентот има право да бара рефундација на средствата со барање испратено до одделот за наплата (billing) или испраќање е-маил на: billing@ukion.mk, а ние ќе ви ја вратиме целокупната однапред уплатена сума за соодветниот платежен циклус (месечен, квартален (3 месеци), годишен (12 месеци)..). Месец се дефинира како период од 30 дена. Притоа ќе се користи истиот платежен метод со кој е извршена уплатата на средствата и клиентот ги сноси сите банкарски трансакциски трошоци при враќање на парите. Корисничките акаунти исклучени или суспендирани од страна на УКИОН поради непочитување на ППК и Правилата на Користење не подлежат под оваа 30 дневна гаранција за враќање на парите. На пример, доколку корисничкиот акаунт е исклучен поради СПАМ, нема да има рефундација на уплатените средства. Рефундацијата не вклучува, a доколку ги има - веќе платени надоместоци за сетирање и поставување на услугите; надоместоци за инсталација и сетирање на скрипти; надоместоци за закупување на домени (domain name); надоместоци за поддршка по час кои вие сте ни ги платиле. Исто така рефундацијата не ги вклучува клиентите кои го обновиле договорот по завршување на првиот платежен циклус. Во било кои други случаи, парите кои ни се платени се финални и неповратни. Ве молиме забележете дека за враќање на средствата ќе бидат потребни 4 (четири) до 6 (шест) работни недели.
  5. Употребата на некои податоци или содржини, кои клиентот ги добива од услугите кои ги обезбедува УКИОН, е на сопствен и единствен ризик на клиентот. УКИОН се одрекува и откажува од одговорноста за целосноста, точноста или квалитетот на било која или сите податоци кои се добиени преку нашите услуги.
  6. УКИОН ќе се труди во целост да одржи прифатливо услужување на клиентите, но УКИОН притоа не дава никаква гаранција, експлицитна (прецизно наведена) или имплицитна (која се подразбира), вклучувајќи ја и гаранцијата при продажба или прилагодување за одредена намена. УКИОН не може да гарантира континуирана услуга, услуга во било кој момент, или да гарантира интегритет на податоците кои се зачувани или пренесени преку нашиот систем или преку интернет. УКИОН не подлежи на одговорност за небрежно изнесување или корупција или бришење на податоците кои се пренесени, примени или зачувани во нашиот систем. УКИОН нема да подлежи на одговорност на клиентот или на неговите клиенти, за било какви барања или штета на клиентот или неговите клиенти, вклучувајќи, но не ограничено на загуби или штети од било која природа, која резултирала од загуба на податоци, неможност за пристап на интернет, или неможност за пренос или прием на информации, причинета од, или која резултира од одложувања, неиспорачувања или прекини на услугите.
  7. Клиентот се сложува дека ќе ги брани, обесштети, чува или смета за неоправдани сите барања, обврзувања, загуби, трошоци, жалби, вклучувајќи и адвокатски надоместоци против УКИОН, неговите агенти, клиенти, службеници, вработени, а кои можат да произлезат од обезбедените услуги, изведени или договорени да се обезбедат, или произлегуваат од било кој производ продаден од клиентот, неговите агенти, вработени или назначени. Клиентот се сложува да го брани, обесштети или смета за неоправдани Обрзувањата против УКИОН, кои произлегле од повреда на лице или имот предизвикана од производ (или услуга) кој е продаден или дистрибуиран а поврзан со услугите на УКИОН; и содржина пренесена на клиентот која прави, или наводно прави прекршок на сопственичките права на трето лице; кршење на авторските права и дефектен производ што клиентот го продал преку услугите на УКИОН. Како резултат на ова, клиентот се сложува дека УКИОН нема да подлежи на одговорност за било кои тврдења или жалби за стварни, компензациски и/или последични штети кои ги претпел клиентот, вклучувајќи, но не и ограничено на загуби или штети поради загуба на податоци, неиспорачаност, или прекин на услугата, освен ако истите штети не се предизвикани од небрежност на УКИОН. И покрај горенаведеново, еклузивните правни лекови на клиентот, штетите, загубите или причините за делувања, нема да ја надминат акумулираната сума која клиентот ја платил за време на траењето на овој Договор.
  8. Овој дел ја дефинира мрежната достапност или достапноста на хост серверите - Договор за Ниво на Испорачана Услуга (SLA - Service Level Agreement). За клиенти во добри финансиски односи со УКИОН, ние гарантираме достапност на мрежата од 99,9% и достапност на хост серверите од 99,9% за тековниот месец од платежниот циклус, исклучувајќи го претходно закажаното сервисно одржување. Мрежата е дефинирана како централна мрежна инфраструктура, исклучувајќи го хардверот, услугите или софтверот. Серверот се дефинира како хост хардвер кој ги сместува сите акаунти. За пад или недостапност на системот се смета моментот кога клиентот го известил тимот за поддршка на УКИОН за пад или недостапност на услугата се до моментот на одговор на мрежата или серверот на надворешното “пинг” барање (ping request). Нотификацијата за пад или недостапност на мрежата мора да се случи за време на недостапноста, а не по нејзино случување. Во случај да нема достапност на веб-сајтот на начин дефиниран подолу, ние ќе ви го кредитираме надоместокот за тековниот месец за услугите пресметан според начинот изнесен подолу, и мерен 24 часа дневно во еден календарски месец, а максималното кредитирање нема да го надмине месечниот надомест за услугите за месецот за кој станува збор.

    95% до 99% = 25%
    90% до 94.9% = 50%
    89.9% и надолу = 100%

    Кредитирањето нема да биде обезбедено доколку падот или недостапноста на мрежата или серверите се случува како резултат на: а) закажаното сервисно одржување б) околности кои не се под контрола на УКИОН, вклучувајќи, но не и ограничено на: DDoS или напади од други мрежи, проблеми од повисока интернет инстанца (upstream) или пад на мрежата на трети лица, војна, пожар, поплава, саботажи, несогласувања со вработените, владини акти, дела од Господ или в) кршење на овој договор или кршење на ППК на УКИОН.
  9. Клиентот единствено може да ги користи услугите на УКИОН за законски цели. Во случај ако УКИОН верува дека услугите кои се користат од страна на клиентот ги прекшуваат законските и/или одредбите и условите кои се содржани во овој договор, УКИОН има право веднаш да го прекине таквото услужување на клиентот, без да превземе никаква одговорност и не се обврзува за надомест на стварна, конпензациска или последична штета на клиентот, поради прекинот на услугата од наша страна. Следните користења се рестриктивни и ќе се сметаат како причина за итно раскинување на услугите и овој Договор, без најава до клиентот:
    • Неовластена дистрибуција или копирање на патентиран софтвер, нарушување на рестрикциите на ЕУ за извоз, понижување, измама, говор на омраза, расна и верска дискриминација, размена на непристојни материјали, трговија со дрога, или други нелегални активности. Понудата за продажба или нудење е-маил листи заради праќање на непосакувани мејлови.
    • Непосакувано рекламирање во големи количини преку мејл и/или “СПАМ” ќе се смета за нарушување на овој договор. Таквото однесување води кон итно раскинување на услугите на клиентот, и раскинувањето на овој Договор без претходна најава. УКИОН го задржува правото да ги пријави таквите нелегални активности кај надлежните органи со цел спроведување на соодветни мерки.
    • Користењето на непостоечка емаил адреса за повратни одговори поради комерцијални причини, спам (праќање непосакуван рекламен материјал на бројни и-мејл адреси или форуми и/или испраќање (генерирање) значителен број на мејлови во споредба со еден просечен корисник), „ trolling“ (праќање скандалозни пораки со цел генерирање бројни повратни одговори), бомбардирања со мејлови (праќање на бројни пораки без значајна нова содржина на истиот корисник), претплатување или зачленување на интернет корисник на мејлинг листа без негова претходна согласност, крос-постирање на вести на бројни форуми, или обид за влез во заштитен компјутерски систем без претходно овластување. УКИОН го задржува правото да одлучи што преставува интернет злоупотреба.
    • Тиранизирано однесување како: постирање клевети, обвиненија, скандалозни или приватни информации за личност(и) без нивна согласност, намерно нанесувајќи емоционална штета; или кршења на заштитни марки, авторски права или други права од интелектуална сопственост.
    • Клиентот недвосмислено разбира и се согласува дека илегалните сајтови за воздрасни (сајтови со порнографска и еротска содржина) се јасно забранети. УКИОН го задржува правото веднаш да ги исклучи и одстрани таквите неовластени веб-страни без најава, или да ја прекине услугата на клиентот без претходна најава, а притоа не се обврзува за надомест на стварна, конпензациска или последична штета на клиентот, поради прекинот на услугата од наша страна.
    • IRC (Интернет Релеј Чет) посебно се забранува.

УКИОН нема да биде одговорен за било која штета што може да ја претрпи вашиот бизнис. УКИОН не дава гаранции од било кој вид, експлицитни (јасно изразени) или имплицитни (кои се подразбираат), вклучувајќи ја и гаранцијата при продажба или прилагодување за одредена намена во однос на услугите кои ги нуди. Ова вклучува губење на податоци кои резултираат од одложување, неиспорачаност, погрешна испорачаност и/или било кои и/или сите прекини на услуги предизвикани од страна на УКИОН или неговите вработени. Услугите кои се обезбедени од страна на УКИОН се обезбедени КАКВИ ШТО СЕ (AS-IS) и без експлицитна или имплицитна гаранција. УКИОН го задржува правото за ревизија на своите полиси во било кој момент без претходна најава.

Полиса за Прифатливо Користење

Оваа полиса е формулирана со цел да се охрабри одговорното користење на услугите на УКИОН од страна на клиентите или другите интернет корисници (“Корисници”), и да му овозможи на клиентот безбедни, доверливи и продуктивни услуги.

Општо Однесување

Мрежата на УКИОН, вклучувајќи ги и веб-страните хостирани од УКИОН (колективно “мрежата на УКИОН”) може да се користи единствено за легални причини. Корисниците не смеат да ја користат мрежата на УКИОН со цел да пренесат, дистрибуираат или чуваат содржини а) кои кршат позитивно применливи закони б) кои ги прекршуваат авторските права, заштитниот знак, трговски тајни или други права од интелектуална сопственост на други лица, или приватноста, јавноста или други лични права на лица, или в) што се непристојни, заканувачки, навредливи, или подмолни, вклучувајќи и повик за тероризам и/или убивање на група или индивидуа.

Безбедност на Системот и Мрежата

На корисниците им се забранува прекршување или обид за прекршување на безбедноста на мрежата на УКИОН, вклучувајќи, без ограничувања, а) пристап на информации кои не се наменети за такви корисници или логирање на сервер или акаунт каде на корисникот не му е дозволено да пристапи; б) обид да ја истражува, скенира, или тестира ранливоста на системот или мрежата или да ги пробие безбедносните или мерките за докажување на автентичноста без такво овластување; в) обид да се меша во услугите наменети за друг корисник, хост или мрежа, вклучувајќи, без ограничувања, преоптоварување (overloading), 'flooding', бомбардирање со мејлови или предизвикување на прекин во системот 'crashing'; г) фабрикување (фалсификување) на TCP/IP packet header или на било кој дел на информациите на хедерот во било кој е-маил или било кое постирање на форум/блог или д) превземање дејствија со цел да се добијат услуги за кои корисниот не е овластен. Нарушувањата на безбедноста на ситемот или мрежата на УКИОН може да резултираат со граѓанска или криминална одговорност. УКИОН ќе ги истражи дејствијата кои вклучуваат такви прекршоци и може да ги вклучи, или да соработува со властите во гонењето на корисниците кои се вклучени во такви дејствија.

Е-Маил

Корисниците не смеат да испраќаат непосакувани е-маил пораки, вклучувајќи, без ограничување, мејлови пратени во огромни количини (СПАМ) со цел на комерцијално рекламирање или инфомациски најави на начин на кој негативно би влијаел на мрежата и системот на УКИОН, вклучувајќи, без ограничување, и користење на е-маил акаунт на мрежата на УКИОН со цел да се прати СПАМ е-маил или мејлови во големи количини, или користење на услугите на друг провајдер со цел да се испрати СПАМ или промовира страница хостирана на, или поврзана на мрежата на УКИОН. Покрај тоа, корисниците не смеат да ја користат мрежата на УКИОН со цел да а) праќаат е-маил пораки кои се преобилни и/или имаат цел да вознемират или малтретираат други; б) продолжат да праќаат мејлови на примач што нагласил дека тој/таа не сака да прима мејлови в) пратат мејл со фабрикувани (фалсификувани) TCP/IP хедер информации; г) пратат малициозни (malicious) и мејлови кои содржат вируси, вклучувајќи и бомбардирање со мејлови; д) пратат или примаат мејлови на начин што ја прекршуваат Полисата за користење на друг интернет провајдер; ѓ) го користат сандачето за писма едиствено како простор за чување податоци; е) нудење на продажба или барање на мејлинг листи со цел праќање непосакувани СПАМ мејлови.

Usenet и Blog

Корисници кои постираат пораки на Usenet newsgroups (форуми) и блогови, се одговорни за запознавање со писмените документи или FAQ - Често Поставувани Прашања, кои даваат информации за користењето на таквите форуми или блогови и почитување на правилата на истите. Не земајќи ги во предвид таквите полиси, корисниците не смеат: а) да постираат иста порака, или серија на слични пораки, на еден или повеќе форуми или блогови (преобилно крос-постирање или повеќекратно постирање, познато како “Usenet СПАМ”; б) да откажат или заменат постови кои првично не биле постирани од таквиот корисник, освен ако таквиот корисник го прави тоа поради должноста и улогата на официјален модератор на форумот или блогот; в) постира пораки во преобилна количина и/или пораки кои се наменети да вознемируваат или малтретираат лица, вклучувајќи, и без ограничување, верижни писма.

Суспендирање / Прекинување на услугите

Секој корисник за кој УКИОН одлучил дека прекршил било каква одредба на ППК ќе биде формално предупреден, и истиот може да биде подложен, на волја на УКИОН, на времено суспендирање (времено исклучување) на услугите додека корисникот не потпише писмен договор со кој ќе се воздржи од понатамошни прекршувања на ППК на УКИОН. Меѓутоа, ако УКИОН смета дека тоа е потребно, може веднаш да ги суспендира или прекине услугите до корисникот без претходна формална опомена. Корисниците за кои УКИОН смета дека направиле втор прекршок на било која одредба на ППК ќе бидат подложни на итно суспендирање или прекинување на услугите без претходна најава.

Одговорност

УКИОН не превзема никаква одговорност за содржината на другите корисници или за било која содржина на УКИОН мрежата која не е постирана од страна на УКИОН. УКИОН не е одговорен за содржината на другите веб-страници поврзани или линкувани (linked) со мрежата на УКИОН; линковите се поставени единствено како алатки за интернет навигација.

Политика на приватност

УКИОН ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при посета на нашата веб страна. При посетата на нашата интернет страна, УКИОН ја зачувува вашата IP адреса (уникатна интернет адреса), времето и времетраењето на посетата. Покрај тоа, ние ги прибираме само доброволно внесените (оставени по желба на посетителот) персонални информации, како на пример: пополнување на контакт и други формулари и/или регистрација на нашата веб страна при купување на услугите. Овие информации се користат за верификација на корисниците при продажба и користење на услугите и/или за подобрување на содржината на нашиот веб-сајт и не се дистрибуираат на други лица за комерцијални цели. Секој корисник кој разменува персонални податоци со нашата интернет страна и кој доставува: име, презиме, адреса, телефонски број, домен име или URL, лого или други персонални податоци и информации за идентификација, дозволува УКИОН да ги користи истите за комерцијални цели во интерес на УКИОН, вклучувајќи и контакт на корисниците за дополнителни промоции, производи и услуги на УКИОН. Доколку корисникот не сака да прима понатамошни комерцијални информации од страна на УКИОН треба да испрати барање на: privacy@ukion.mk. Регистрираните клиенти - кои ги користат услугите на УКИОН, се согласуваат да ги следат известувањата испратени во контекст на услугите на УКИОН (фактури, соопштенија, сервисни пораки, проблеми, формални предупредувања и друга форма на контакти кои произлегуваат од правата и обврските за користење на услугите на УКИОН).

Полиса за Авторски Права

УКИОН не ја контролира и не може да ја контролира содржина која е достапна до вас за време на користењето на мрежата на УКИОН. Корисниците на услугите (мрежата) на УКИОН одлучуваат која содржина ќе биде достапна на други и која содржина ќе биде достапна за симнување (download). Корисниците на УКИОН се одговорни да ги почитуваат применливите закони во врска со таквата содржина, вклучувајќи ги и Законите за авторски права.

УКИОН го почитува Законот за Заштита на Авторски права и очекува корисниците на услугите да го направат истото. Неовластеното копирање, дистрибуција, модификација, јавно изложување или јавно изведување на авторско-заштитени работи и дела се сметаат за прекршок на авторските права на сопственикот. Со услов за користење на услугите на УКИОН, вие се сложувате дека во никој случај нема да ги прекршите авторските права и правата за интелектуална сопственост на други лица. УКИОН ќе ги исклучи корисниците кои постојано ги нарушуваат авторски права или правата на интелектуална сопственост на други лица. Покрај ова, УКИОН го задржува правото да го исклучи акаунтот на корисник и по еднократното нарушување на правата на другите, а е поврзано со користењето на услугите на УКИОН; или ако УКИОН смета дека однесувањето на корисникот штети на интересите на УКИОН, неговите партнери, или другите корисници, или поради било која друга причина, со или без последица, на волја на УКИОН.

УКИОН не продава, изнајмува или на друг начин изложува е-маил листи на трети лица.

Сите доделени IP адреси на користење за клиентите се подложни на правилата на Регионалниот Интернет Регистар за Европа (RIPE).

УКИОН го задржува правото за промена и дополнување (модификација) на овај договор, а притоа промените и дополнувањата (модификациите) ќе бидат објавени на нашата веб страна.

Ве молиме доколку вие како корисник на услуги или друго лице увидите било какво прекршување на одредбите на овај договор, истото да го пријавите на abuse@ukion.mk

вер.0.3 Ревизија: 27 Јануари 2010

Договор за Ниво на Испорачана Услуга (ДНИУ) - Service Level Agreement (SLA)

Сите лица кои го посетуваат овај сајт, според овај договор се нарекуваат посетители. Сите лица кои ги купиле или користат услугите на УКИОН, во овај договор ќе бидат наведени како корисници или клиенти. Договорот за Ниво на Испорачана Услуга може да се скрати како ДНИУ. Битна напомена: овај документ е често ажуриран. Ве молиме создадете си навика за повремено разгледување на документацијата со цел навремено информирање за нашите тековни договори за користење на услугите.

1.1 Општо

УКИОН го задржува правото за промена и дополнување (модификација) на ДНИУ, а притоа промените и дополнувањата (модификациите) ќе бидат објавени на нашата веб страна. Освен како што е наведено во овај ДНИУ, во друг случај ние не одговараме за достапноста или перформансите на нашата мрежа или сервери. Одредени или специфични одредби/точки на овај договор може да бидат индивидуално договорени со клиентот, врз основа на претходно дадена согласност и потпишување соодветен договор за користење на услуги. Во случај да постојат различни одредби/точки на овај ДНИУ и потпишаниот договор за услуги, одредбите/точките на потпишаниот договор за користење услуги ќе надвладеат над оваа општа ДНИУ полиса. Договорот за услуги потпишан и договорен со клиентот се случил пред овој ДНИУ, и одредбите на истиот се на сила и ги контролираат взаемните обврски и ограничувања на УКИОН и на клиентот.

1.2 Гаранција за непреченост

Ние целиме да одржиме 99.9% непречено работење на мрежата и серверите. Овој процент на непреченост е месечно дефиниран, пресметан единствено преку нашите системи за мониторинг или преку овластени/договорени надворешни мониторинг сервиси (пример: alertra.com). Ако не успееме да ја одржиме оваа гаранција на 99.9% непреченост, а кое попречување нема да биде причинето од исклучоците наведени подолу, клиентите ќе бидат кредитирани, по нивно барање, на основа случај по случај, на начин изнесен подолу. При тоа мора да напоменеме дека нема да има кредитирање за цел месец поради минорни попречување на протокот. Истото нема биде финансиски одржливо за нас, и ќе има негативен импакт на нивото на услуги кое ви го гарантираме. Делумна рефундација за делумно попречување е нашата стандардна полиса. Во екстремни околности, ние може да ви кредитираме износ за цел месец, доколку ова е посебно договорено со клиентот. Деталите за пресметка на кредитните износи се изнесени подолу.

1.3 Исклучоци

Нашите клиенти нема да бидат кредитирани на начин наведен во овај договор, за било која слабост или недостапност на нашата мрежа предизвикана или поврзана со:

Околности надвор од разумна контрола, вклучувајќи, без ограничување, акти на владата, војна, востание, саботажа, ембарго, "Дела на Бога" (т.е. пожар, поплава, земјотрес, ветрови, итн ..), штрајк или други нарушувања на трудот, прекин на, или доцнење но транспортот; недостапност, прекин или одложување на телекомуникациите или услугите од трети страни (повисока интернет инстанца); софтверски грешки на трети лица или неможност да се добијат суровини и материјали, стоки, или прекини во електричната енергија или соодветна опрема потребна за обезбедување на Нивото на Услугата во овај Договор.

  • Telco Прекини (повисока интернет инстанца - прекини во оптичките кабли и сл. - нашите сервери се лоцирани во Велика Британија и Telco представува наша повисока интернет инстанца)
  • Backbone peering point issues (PAIX) - Причини предизвикани од повисоки интернет инстанци
  • Однапред закажани сервисни одржувања и надградби на хардвер/софтвер
  • DNS причини, надвор од нашата директна контрола
  • Акти на купувачите или пропусти, вклучувајќи но не и ограничено, невнимание, намерно или ненамерно прекршување на нашата Полиса и ППК од страна на клиентот и/или лица овластени од него, со што предизвикале прекини на услугите.
  • DDOs напади или било какви IRC поврзани напади

1.4 Достапност

Наша цел е да овозможиме достапност на нашата мрежа (мрежа ставена на располагање на клиентот без прекини) 99,9% од времето. Прекинот е дефинирана инстанца во која клиентот не е во состојба да пренесува или прима IP пакети како резултат на прекин на услугата повеќе од 15 последователни минути, со исклучок на сервисните проблеми кои можат да произлезат од нашето закажано одржување и надградба. Мора да се напомене дека мрежата на УКИОН не вклучува сервисен пристап (пристап на персонал) во просториите или пристап до опремата на Telco или на било која дополнителна Telco инфраструктура. Во однос на латентноста, наша цел е да се задржи просечната дуплекс латентност на нашата мрежа на 95 милисекунди или помалку. Просечната дуплекс латентност се однесува на тековниот месец и се дефинира како просечното време потребно за двонасочен трансфер на IP пакети помеѓу нашата мрежа и големите американски backbone peering points во текот на истиот месец, а што е мерено од нас. Што се однесува до загубите, наша цел е да се задржи просечната месечна загуба на IP пакети на 1% или помалку. Просечната месечна загуба на пакет се дефинира како просечниот процент на IP пакети пренесени во нашата мрежа, а кои не се успешно доставени до крајната дестинација, исто така мерено од наша страна.

1.5 Мерење

Ние ја следиме достапноста на нашата мрежа и достапноста на серверите периодично (во просек на секои 5 минути), со користење на софтверски и хардверски компоненти прилагодени за таа намена. Мора да се стави на знаење дека таквите мерења не може во целост да го измерат патот преку кој поминува интернет конекцијата на клиентот, и дека таквите мерења се однесуваат само за нашата мрежа, а не и за другите мрежи на кои клиентот е поврзан или се поврзува. УКИОН го задржува правото на периодична измена на мерните точки и методологии без претходна најава. Комплетната мрежна и серверска достапност ќе бидат објавени на начин и локација одредена од нас и ставена на располагање на клиентите.

1.6 Хардверски Проблеми

Нашата веб страна стои зад целата опрема во нашата мрежа. Хардверските грешки се ретки, но не може да се предвидат ниту избегнат. Ние користиме единствено brand name хардверски компоненти со највисок можен степен на квалитет и перформанси. Доколку настанат хардверски проблеми, вклучително и серверски грешки или пад на системот кои влијаат на нивото на услугите или перформансите на опремата, се обврзуваме дека ќе ги замениме во најкраток можен рок. Хардверските проблеми што резултираат со целосен прекин на мрежата/серверот, исто така, ќе бидат заменети во најкраток можен рок. Рутерските проблеми се исклучок на овај ДНИУ (SLA) и за тоа се одговорни инженерите на повисоките интернет инстанци. Рутерските грешки се регулирани со соодветни договори со надворешни фирми и backbone оператори (повисоки интернет инстанци) во однос на итноста на сервисот кој треба да се спроведе доколку настанат такви грешки.

1.7 Кредити

Во случај да не постои достапност на мрежата - мерена 24 часа на ден, во текот на еден календарски месец, ние ќе ви ја кредитираме месечната наплатена услуга на начин прикажан подолу со максимален износ на кредитот не поголем од износот на месечната услуга.

Веб Достапност / Кредит
95% до 99% = 25%
90% до 94,9% = 50%
89,9% или подолу = 100%

За да можете да добиете кредит на вашата сметка, вие мора да доставите барање во рок од 5 (пет) работни дена откако сте увиделе недостапност на Веб Страната. Вие мора да побарате кредитирање со подигнување на тикет за целиот случај испратен до нашиот оддел за наплата (billing). Заради соодветна идентификација, во содржината на тикетот мора да се наведе и корисничкиот акаунт/име на домен, датумот и времето на недостапноста на веб-сајтот и други податоци за идентификација доколку се потребни/побарани од наша страна. Ве молиме забележете дека за враќање на средствата ќе бидат потребни 4 (четири) до 6 (шест) работни недели. Во случај кога не постои достапност на веб-страната за соодветен месец, кредитирањето ќе биде единствен и ексклузивен лек.

2.0 Модификација

Ние го задржуваме правото да додадеме, избришеме или модификуваме било која одредба на Договорот за Ниво на Услуги и Прифатлива Полиса за Користење во било кое време без претходна најава.

вер.0.2 Ревизија: 16 Април 2010

Вие сте тука: Почетна » Полиса и услови за користење

Референци:

HEA solutions statija.mk nonetmk akumatrejd blic.mk flexstairs jonker dp Villa Ginek Villa Izgled
Copyright © 2009-2012 УКИОН ДОО. Сите права задржани.  ППК, Услови за користење и политика на приватност  |  Статус на мрежата
Facebook Twitter LinkedIn
halkbank Verified by Visa credit_card MasterCard SecureCode Casys