Веб Солуции

УКИОН ви овозможува многу повеќе од веб солуција. Ние создаваме онлајн бизнис идентитет и ново корпоративно искуство. Нашата цел е понуда на комплетно решение кое ги подобрува вашите производи / услуги, го прави вашиот бизнис поефикасен и гарантира финансиска добивка.

Дизајн на веб страна

Економијата и бизнисите се во процес на постојани промени. Потребата од интернет присуство расте паралелно со порастот на вашиот бизнис, а со тоа расте и потребата за прилагодување и поефикасна презентација на вашиот бизнис. Сите наши веб страни се изработени по мерка, што ќе ви овозможи да се одвоите од вашата конкуренција. УКИОН тимот поседува креативност, девелоперско знаење и know how, едноставност - како основа на сите производи, и најважно, ние ги следиме интернет и SEO стандардите и препораките на пошироката интернет заедница во преточувањето на вашата идеја во бизнис. Контактирајте не уште денес за повеќе информации и понуда.

Редизајн на постоечка веб страна

Како сопственик на веб-страна, по некое време повторно ќе го разгледате и ревидирате вашето интернет присуство, утврдувајќи ги вашите интернет можности, предности, слабости и закани (SWOT). Како што споменавме погоре, за ефикасна онлајн презентација ви треба континуирана веб флексибилност. Имплементацијата на нови веб стандарди, оптимизација на пребарувањето (SEO), присуството на социјалните мрежи, користење бази за централизирано складирање на податоците, заштита на податоците, интернет трговија, имплементација на едноставна и лесна администрација, презентирање на новости, настани, интернет маркетинг, создавање на интернет заедница на лојални и потенцијални клиенти се само неколку фактори кои вие, како сопственик на бизнис мора да ги земете во предвид при ревидирањето и донесување на конечната одлука. УКИОН може да ви помогне да се елиминира тековниот ИТ притисок.

Контент менаџмент систем CMS (WordPress, Joomla, Drupal)

УКИОН контент менаџмент системот (Content Management System - CMS) значително ќе ви го олесни управувањето на вашиот бизнис и вашето онлине присуство. Ние ќе ве подготвиме за успех со обезбедување на најновите алатки за комуникација со вашите киенти, ажурирање на производите, објавување новости, соопштенија и настани и многу повеќе.

WordPress / Блог

WordPress е врвна издавачка/блог платформа за автоматизација на администрирањето и ажурирањето, со фокус на естетика, веб стандарди и употребливост. WordPress, исто така, може да се користи како моќен контент менаџмент систем (Content Management System - CMS) со можност за интегрирање на било која веб страна. УКИОН ја креира оваа моќна платформа по ваша мерка, за да ви овозможи едноставна и лесна администрација и да додаде дополнителна вредност на вашите веб-сајтови. Со оваа алатка вие ќе можете да ги администрирате веб страните едноставно, без потребно компјутерско знаење, администрацијата е како да пишувате Word документ (прилагодена за канцелариски работници). Освен тоа, самостојно, без потреба на техничко лице, ќе можете да ги објавувате вашите новости, извештаи, компаниски настани и сл. УКИОН ви гарантира дека ова решение изработено од почеток или интегрирано на постоечки сајт, покрај сите бенефиции на модерното веб окружување (се користи за изработка на едноставни и комплексни интернет страни од компании од браншата на Intel, SAP, Ford, Nokia, Samsung, Nikon и сл.), ќе ги намали и во целост ќе ги замени потребните месечни трошоци за веб ажурирање.

Веб - страни базирани на бази на податоци

Имате потешкотии во ажурирањето на вашиот веб сајт или постојано ангажирате други лица за тоа? Веб сајтовите базирани на оваа технологија ја складираат и користат содржината од централно место наречено база на податоци. Оваа содржина може лесно да се вчитува и пребарува од посетителите на страната, и може лесно да се ажурира од лица со дозволен административен пристап преку онлине контролен панел. Најважно од се е што сите овие комплексности се извршуваат во позадината на елегантна и атрактивна веб страна. Отсега, ажурирањата и надополнувањата за кои ви бил потребен администратор или техничко лице ќе ги вршите вие со само неколку кликови на глувчето. УКИОН ќе ви помогне во креирањето на нова или во интегрирање на вашата постоечка веб страна со база на податоци.

ВЕБ 2.0 Апликации

Ние нудиме најразлични производи и услуги базирани на: XHTML, JavaScript, CSS, PHP, AJAX, MySQL, (доколку е можно, користиме отворен софтвер и стандарди заради отворената можност за развој на софтверот во иднина и намалување на лиценцните трошоци), развој на апликации базирани на слободен софтвер - алатки и frameworks и/или изработување чист код од почеток според вашите барања. Покрај комплетни софтверски решенија, УКИОН обезбедува и outsourcing услуги за вашиот проект во координација со другите локални или меѓународни тимови.