webmail  |  кориснички центар  |  блог
Прашања?
прати е-маил
+389 (0)70  787 850
 
со технологија од  
 
Затвори close
Ве молиме внесете го вашето име

Ве молиме внесете валиден е-маил
Внесете валиден број



Ве молиме внесете го вашето прашање
  •  
  • Домени
  • Хостинг
  • Веб Солуции
  • Веб Продавници
  • Маркетинг
  • Компанија
  •   Нарачај

Компанија

  • За УКИОН
  • Клиенти
  • Вработување

УКИОН ДОО е интернет ориентирана компанија со седиште во Охрид, основана 2009 година. Нашето работење покрива комплетни интернет услуги од: регистрација на домени, бизнис хостинг, SSL сигурносни сертификати, развој и изработка на едноставни и комплексни веб страни, веб апликации, веб продавници и интернет маркетинг. Ние, во УКИОН, веруваме во моќта на едноставноста. Едноставноста е лесна за користење, пристапна, добро изгледа, брзо се извршува и визуелно е привлечна. Ја вклучуваме во сите наши производи. Таа е наш стабилен фундамент. Со тоа, дури и производите кои се функционално комплексни, изгледаат едноставно, моќно и се лесни за користење.

Услуги и производи

На корисниците им е овозможено да одберат интегрирани интернет решенија и тоа:

  • регистрација на домен име – TLD и ccTLD (интернационални и домашни)
  • комплетни хостинг услуги (со дедицирана IP и/или со SSL заштита, 24/7 поддршка)
  • веб солуции (консултации, дизајн, развој, изработка, имплементација, оддржување, outsourcing)
  • веб апликации (консултации, дизајн, развој, изработка, имплементација, оддржување, outsourcing)
  • е-commerce (web shop) комплетни солуции
  • SSL сертификати (консултации, продажба, инсталација, одржување)
  • интернет маркетинг (консултации, продажба, имплементација)

Визија

УКИОН ДОО е основана со визија за компанија која ќе понуди едноставност во интернет работењето.

Мисија

Ние, во УКИОН, вложуваме во инвенција и развој на производи и услуги кои ќе го забрзаат остварувањето на бизнис целите на нашите клиенти. Се фокусираме на перманентно зголемување на квалитетот и долгорочна деловна релација со нашите клиенти. Веруваме дека со тоа ќе обезбедеме раст и значајна нова вредност за – нашите клиенти, УКИОН и економијата во целост.

Наши Вредности

Посветеност - На успехот на нашите клиенти.
Иновација - Со едноставноста како фундамент.
Квалитет - Врвното не е доволно. Мора да се подобриме.
Интегритет - Нашата компанија и нашите клиенти како синергетски систем.
Доверба и персонална одговорност - во сите релации.

УКИОН Дата Центар - Инфраструктура

Нашиот хостинг Дата-Центар е составен од бизнис класа HP DL380G6 сервери базирани на Intel Xeon процесори со вкупно 8 јадра/по сервер и супер брзи SAS дискови, 1GBit (1000Mbit) мрежна конекција и 99.9% гарантирана (SLA) достапност на мрежата (uptime). Секој акаунт поседува сопствен Direct Admin контролен панел за едноставно менаџирање на хостингот и едноставна инсталација на WordPress, Joomla, Drupal, Форуми, Галерии, Е-продавници (Web Shop) и други скрипти. Исто така, нашата понуда на дополнителни интернет услуги ќе ви овозможи целосно ослободување од притисокот на вашиот ИТ департман.

Инфраструктура - детали:

  • УКИОН серверите се лоцирани во Лондон, Велика Британија, со минимизирано време на пристап (ping time) од 22ms до 95ms независно дали се пристапува од Европа или САД.
  • Routing - Нашиот рутинг центар е составен од серија Juniper MX240 сервери, конфигурирани целосно редундантно по парови, со двојно напојување на електрична енергија. Сите сервиси се поврзани со 1Gbps (1000 Mbps) мрежна конекција на 5 интернет провајдери (Tiscali, Telia, NTT/Verio, Interoute and Cogent) сето тоа обезбедено од Gyron Internet Ltd.
  • Switches - Нашата мрежа користи Cisco Catalyst 4948 свичови. Оваа опрема обезбедува извонредни перформански и стабилност за нашите високоперформансни сервери. Исклучителната сигурност и сервисирање без прекин на работата се овозможени преку користење на hot-swap (можност за сервисирање без прекини во работењето на опремата) напојувања и hot-swap редундантни разладни системи.
  • Напојување - За секој сервер се ангажирани двојни APC мастер напојувања, со што се елиминираат проблемите како: неавторизирана употреба на електрична енергија, блокирана опрема поради напонски промени, елиминирање на промени во напонот и потребата за сервисирање. Ова се постигнува со: индивидуална контрола на секој електричен извор (штек), контрола на прекините или одложена достава на енергија, перманентен мониторинг на напонот и тековните промени, дефинирани алармни прагови (напонски промени), менаџирање на мрежата и обезбедување на перманентна енергија од дополнителни напонски генератори за елиминирање на прекините на целокупната мрежа.
  • Сигурност - Нашата самоодбранбена мрежа е изградена околу Cisco ASA 5500 (Series Adaptive Security Appliances), конвергентни firewall, IPS (Intrusion Prevention Systems), мрежен анти-вирус и VPN сервиси. Системот постојано го следи секое потенцијално оптоварување, мрежната активност и трансферот на податоци за да овозможи проактивно дејствување и елиминација на потенцијалната закана или напад пред тоа да се прошири на целокупната корисничка мрежа. Со други зборови, елиминацијата на секојдневните интернет ризици со кои се соочува вашиот бизнис ќе ви овозможи стабилна и флексибилна основа за успех и раст.

Контакт

УКИОН ДОО
Јане Сандански 115
6000 Охрид
Македонија

контакт формулар

тел: +389 (0)70  787 850
е-маил:


Информации за банка

дб 4020009506875

Охридска Банка АД Охрид
ж-ска 530-0001011279-14

ХАЛКБАНК АД Скопје
ж-ска 270-0647519101-86


Начин на плаќање

  • Кредитни / дебитни картички
  • Фактура - трансакциска сметка
    за физички и правни лица

Дополнителен контакт

Продажба:
Поддршка:
Плаќања:

Поплаки, жалби, забелешки, пријава на злоупотреба:


УКИОН на социјалните мрежи


Корисни линкови
Webmail
Kориснички центар
Статус на мрежата
ППК, Услови за користење, SLA

Дел од нашите клиенти:

Во УКИОН, веруваме дека можеме да направиме повеќе. Од девелопери и програмери, креативни дизајнери, ИТ администрација, грижа за корисници до маркетинг и менаџмент, УКИОН поседува високо посветен и квалитетен тим кој работи заедно за да ги креира најиновативните интернет технологии и солуции. За таа цел, УКИОН постојано настојува да привлече, едуцира и задржи исклучително креативен и квалитетен кадар, кој ќе биде мотивиран континуирано да придонесува за долгорочниот успех на компанијата.

УКИОН инсистира на фер и недискриминаторен процес во регрутацијата и селекцијата на кандидати за вработување. Вработените се фундамент на нашиот успех и затоа на регрутацијата и селекцијата и пристапуваме многу сериозно.

Ако сте водени од успехот, поседувате креативност и сакате да работите во динамична работна средина, Ве молиме испратете Ваша апликација за работа со прикачено CV на следнава е-mail адреса:

Со испраќање на потребните документи влегувате во базата на потенцијални кандидати за вработување во УКИОН и вашите апликации ќе бидат предмет на обработка во процесот на селекција.

УКИОН ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при апликацијата за работа. Доколку според Законот за заштита на лични податоци не се согласувате Вашите лични податоци да се зачуваат во базата за вработување, Ве молиме тоа да го наведете во вашата е-маил порака. УКИОН гарантира дека освен за процесот на селекција при вработувањето, Вашите лични податоци нема да бидат искористени за ниедна друга цел или пак изложени или на друг начин достапни на трети лица.

Вие сте тука: Почетна » Компанија

Референци:

HEA solutions statija.mk nonetmk akumatrejd blic.mk flexstairs jonker dp Villa Ginek Villa Izgled
Copyright © 2009-2012 УКИОН ДОО. Сите права задржани.  ППК, Услови за користење и политика на приватност  |  Статус на мрежата
Facebook Twitter LinkedIn
halkbank Verified by Visa credit_card MasterCard SecureCode Casys