Диверзификација на хостинг FLEX пакетите

По подолго согледување на барањата на пазарот, УКИОН изврши диверзификација на хостинг пакетите и прилагодување на нивната содржина и цена. Пакетите се прилагодени како за приватни лица кои сакаат да имаат сопствени блогови, лични интернет страни или лични презентации така и за веќе разработени големи бизниси кои имаат потреба од поголем проток на податоци.

Важна карактеристика на FLEX пакетите е што тие се флексибилни, што значи доколку вашиот бизнис расте и имате потреба од повеќе интернет простор, во секое време можете да преминете на соодветните FLEX пакети кои ќе ги задоволат вашите потреби преку едноставно е-маил барање до нашите администратори.

Голем напредок постигнуваме во полето на поддршка за нашите корисници, секое барање се анализира, обработува и реализира во рок од 24 часа. Работиме и на нова корпоративна интернет страна која во голема мера ќе го зголеми квалитетот и ќе ја поедностави интеракцијата со нашите клиенти а исто така ќе презентира новини кои се надеваме ќе бидат позитивно прифатени од сите Вас.

Ние се грижиме Вашиот бизнис да расте

УКИОН